Почна поставување на метална конструкција за изградба на нова училишна спортска сала кај „Наце Буѓони“ во Куманово


Почнаа градежни активности за поставување на метална конструкција на училишна спортска сала која се гради во близина на кумановското средно училиште „Наце Буѓони“. Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово.

Општина Куманово претходно, а согласно склучениот договор со ресорното министерство почна со изведување на градежни активности за подготовка на теренот за изградба на салата, ископ, порамнување на терен, изградба на основна инфраструктура, водовод и канализација, приспат. Договорот беше склучен со Министерството за образование и наука со чии средства се гради училишната сала, а општината презеде обврска да обезбеди подготовка на просторот каде што се гради спортската сала.

Општината претходно, издаде и градежна дозвола за изградба на салата која е финансирана од Владата, преку Министерството за образование и наука. Според најавите се очекува, наредната година учениците од средното училиште да ја користат салата, во чија блиизна е и атлетското игралиште.
Претходно во Куманово со средствата на Владата, беше изградена спортската сала во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик, а утре според најавите на надлежните од општина Куманово ќе биде пуштена во употреба спортската сала во основното „Јероним де Рада“ во кумановското село Черкези.