Државата Њујорк платила 69 милиони долари за респиратори што никогаш не пристигнале


Државата Њујорк платила 69 милиони долари за респиратори на човек без никаква позадина во работа со медицински материјали, откако тој  му пишал на Твитер на претседателот  Доналд Трамп и работната група за коронавирус во Белата куќа го препорачала како продавач. Респираторите никогаш не пристигнале. На 27 март како што новиот коронавирус започна да се шири низ …

Државата Њујорк платила 69 милиони долари за респиратори што никогаш не пристигнале Read More »

Клуге: Состојбата со ковид-19 во Европа се уште е сериозна


Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Хенри Клуге рече дека состојбата со пандемијата на Ковид-19 во Европа е се уште сериозна. – Три месеци откако СЗО прогласи вонредна здравствена состојба во светот, кривата што го покажува бројот на новозаразени во западна Европа го достигна врвот, но расте како што гледаме кон Исток, …

Клуге: Состојбата со ковид-19 во Европа се уште е сериозна Read More »

На здравствените работници со ковид-19 нема да им се крати платата за боледување


Се подготвуваат и наскоро ќе стапат во сила нови правилници во однос на партиципација при лекување  од КОВИД-19 и исплата на 100-процентен износ од плата при боледување на здравствен работник ако е тоа поврзано со лекување од корона вирусот. Во одговор на новинарско прашање во врска со реакции од медицински лица на кои им била …

На здравствените работници со ковид-19 нема да им се крати платата за боледување Read More »

Земена крв од двајца оздравени за плазма


Денеска беше екстрахирана крв за плазма од двајца ковалесценти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.. Со ова се створени услови за почеток на терапија со крвна плазма од оздравени пациенти, за оние пациенти каде ќе се јави потреба од тоа. Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, веќе се изготвени протоколи за фнкционирање на …

Земена крв од двајца оздравени за плазма Read More »

ЕК: Социјалните лекции од оваа криза ќе бидат целосно одразени во нашите политики


Еврокомесарот за труд и социјални прашања Никола Шмит, по повод Први мај, порача дека Европската Комисија ги научи лекциите од кризата со Ковид-19 и вети дека ќе се гради „праведна, силна и социјална“ Европа, јави дописничката на МИА од Брисел. Шмит по повод Меѓународниот ден на работниците, Први мај, им се заблагодари на сите работници …

ЕК: Социјалните лекции од оваа криза ќе бидат целосно одразени во нашите политики Read More »

(Во живо) Прес на Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во 15 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за последната состојба со корона вирусот во земјава. Проследете ја во живо:

Повеќе се излечени од активни случаи од корона вирус


Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакнува дека во Македонија има повеќе излечени случаи од корона вирус, отколку активни. Според статистиката излечени се 738, а активно се борат со болеста уште 650.

Бројот на новозаразени со корона вирусот во Словенија останува низок


Во Словенија се потврдени само 11 нови случаи на лица заразени со коронавирусот што според лекарите е уште еден доказ дека земјата добро се справува со епидемијата, јави дописникот на МИА од Љубљана. Намалување има и на бројот на пациентите кои болнички се лекуваат поради ковид-19, па така во медицинските центри сега се третираат 63 …

Бројот на новозаразени со корона вирусот во Словенија останува низок Read More »

Владата одржува седница, се очекуваат нови одлуки за состојбата со Ковид-19


Владата соопшти дека денеска од 12 часот ќе одржи седница која ќе се одвива преку интернет-видеокомуникација. На седницата се очекува да бидат донесени нови одлуки во однос на состојбата со пандемијата со Ковид -19. За заклучоците кои ќе бидат донесени, Владата ќе информира со соопштение по завршување на седницата.

Истражување: Ковид-19 може да остане скриен во белите дробови на излекуваните


Пациентите кои се излекувале од  вирусот Ковид-19 и се отпуштени од болница може да носат честички од коронавирусот длабоко во нивните бели дробови. Според истражување на кинески специјалисти во Хонгконг, во таков случај не може да се открие инфекцијата со вообичаените тестови. Ова може да даде одговор на прашањето зошто некои оздравени пациенти повторно се …

Истражување: Ковид-19 може да остане скриен во белите дробови на излекуваните Read More »

Германски виролог: Концентрацијата на вируси кај децата е 10.000 пати поголема


Германскиот виролог Кристијан Дростен предупреди на опасност од прерано отворање на детските градинки. Тој истакна дека врз основа на грипот и настинката се знае оти децата имаат големо количество вируси во грлото, објаснувајќи дека таа концентрација на вируси е 10.000 пати поголема отколку кај возрасните. Дростен нагласи дека децата имаат имунолошки систем без искуство, што …

Германски виролог: Концентрацијата на вируси кај децата е 10.000 пати поголема Read More »

Над 40 лица заразени со ковид-19 на погреб во Турција


Над 40 лица се заразени со Ковид-19 на погреб во Турција, соопшти гувернерот на областа Ерзурум, Окај Мемиш и истакна дека вирусот е донесен надвор од областа. Четириесет и три локални жители од градот Текман, од областа Ерзурум, се заразиле по контакт со други лица кои пристигнале на погребот од различни делови на земјата. Две …

Над 40 лица заразени со ковид-19 на погреб во Турција Read More »

Атанасов: Време е за ремонт во образованието, инаку ќе ја платиме цената на неквалитетни генерации


Идните наставници кои се стекнуваат со знаење на факултетите, треба да се обучуваат во насока на модерното време и технологијата, бидејќи реформите во образованието треба да бидат насочени кон начинот на кој децата сега функционираат, а тоа е користењето на дигиталните алатки, вели Петар Атанасов, поранешен заменик министер за образование. -Министерството за образование ги има …

Атанасов: Време е за ремонт во образованието, инаку ќе ја платиме цената на неквалитетни генерации Read More »

Полицискиот час не го почитувале 51 лице, 34 приведени


Во изминатото деноноќие 51 лице на ниво на цела држава не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира Министерството за внатрешни работи. Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 72 лица им се издадени решенија за изолација, а 57 …

Полицискиот час не го почитувале 51 лице, 34 приведени Read More »

Последните места на светот без Ковид-19


Ковид-19 се појави во 214 земји и територии во светот и зарази повеќе од три милиони луѓе, но 33 земји и територии се уште немаат пријавено ниту еден случај. Меѓу овие земји спаѓаат Комори, Лесото, Таџикистан и малите островски држави на Тихиот Океан, како Науру, Кирибати и Соломонските Острови. До 20 април, од вкупно 247 …

Последните места на светот без Ковид-19 Read More »

Научници советуваат некои од мерките да останат на сила додека не се пронајде вакцина


Четири водечки научни организации во Германија истакнаа дека некои од мерките што се воведени да се спречи ширење на Ковид-19 мораат да останат на сила, додека не се пронајде вакцина или се постигне колективен имунитет. Во заедничко соопштение, организациите истакнаа дека нивните математички модели покажуваат дека стапката на репродукција на епидемијата во Германија е под …

Научници советуваат некои од мерките да останат на сила додека не се пронајде вакцина Read More »

Авиокомпаниите по багателни цени нудат билети и за почетокот на мај


И покрај апелот на Министерството за транспорт и врски граѓаните да се воздржат од купување авиобилети за патување во странство, авиокомпаниите кои летаат од македонските аеродроми веќе продаваат карти за најголем број од дестинациите до кои се лета од Скопје и Охрид, јавува Мета. На веб-страниците на некои авиокомпании може да резервира билет за летови …

Авиокомпаниите по багателни цени нудат билети и за почетокот на мај Read More »

По прележана корона, Том Хенкс дарува крвна плазма


САД- Кога на почетокот на март популарниот холивудски актер Том Хенкс заболе од корона вирусот, тоа за многумина беше знак дека овој вирус навистина е опасен. За среќа, тој и неговата сопруга Рита Вилсон се опоравија по неколку седмици цо болница во Австралија, каде глумецот снимаше. Том Хенкс сега на Твитер објави фотографии од давање …

По прележана корона, Том Хенкс дарува крвна плазма Read More »

Џентилони: Планот за опоравување на ЕУ ќе биде подготвен во втората половина од 2020


Планот за опоравување на Европа од кризата предизвикана од Ковид-19 треба да биде подготвен да стапи на сила во втората половина од годинава, нагласи еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Џентилони, поранешен шеф на италијанската дипломатија, во интервју за францускиот весник „Лес Ехос“ рече дека планот за опоравување, за кој лидерите на ЕУ се уште анализираат, …

Џентилони: Планот за опоравување на ЕУ ќе биде подготвен во втората половина од 2020 Read More »

Во затвор во Лос Анџелес заразени повеќе половината затвореници


Повеќе од половината затворениците во сојузниот затвор во Лос Анџелес се позитивни за Ковид-19, а двајца починаа, соопшти денеска американското Биро за затвори. Од 1.055 затвореници, 570 се заразени како и 10 членови на обезбедувањето. Многу затвореници се асимптоматски пациенти.