Земена крв од двајца оздравени за плазма


Денеска беше екстрахирана крв за плазма од двајца ковалесценти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче..

Со ова се створени услови за почеток на терапија со крвна плазма од оздравени пациенти, за оние пациенти каде ќе се јави потреба од тоа.

Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, веќе се изготвени протоколи за фнкционирање на други сегменти, јавни институции, јавен превоз, фабрики и други.

Следната недела по официјализирање на одлуките ќе бидат објавени во јавноста.

На овој начин се подготвуваме за попуштање на мерките и враќање на живтот во нормала, но со задолжителните мерки за претпазливост.