Прва жртва на коронавирусот во Бугарија


Попладнево во Софија почина жената која вчера беше хоспитализирана во исклучително тешка состојба, а кај која беше утврден позитивен тест на Ковид-19. Пациентката имала хронични кардиоваскуларни проблеми и претходна операција на срцето. Жената дошла во болницата „Пирогов“ со тешка пневмонија. И покрај извршените интензивни реанимациски мерки лекарите не успеале да го спасат нејзиниот живот. Екипа …

Прва жртва на коронавирусот во Бугарија Read More »

Три женски лица депортирани од Турција, биле во Сирија и Ирак


Во вторникот вечерта, преку Меѓународниот аеродром Скопје, во Република Северна Македонија е извршена депортација на три лица од женски пол, од кои две со регулиран статус на државјанки на Република Северна Македонија и едно малолетно лице од две години, за кое треба да се спроведе постапка за стекнување државјанство. Лицата се депортирани со редовен авионски …

Три женски лица депортирани од Турција, биле во Сирија и Ирак Read More »

Прилепчани си краделе низ Скопје


Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.Т.(47) и З.Д.(46), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу …

Прилепчани си краделе низ Скопје Read More »

МТСП: Ослободување од работа на хронично болните лица со потврда од лекар специјалист


Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести, следните категориите лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од лекар специјалист за следните состојби – хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабет ТИП 1, малигни заболувања, како и имуно-компромитирачки состојби. …

МТСП: Ослободување од работа на хронично болните лица со потврда од лекар специјалист Read More »

Лекарска комора ќе отвори постапка пред Судот на честа за докторката Нина Цаца Билјановска


Јавна опомена на доктор Нина Цаца Билјановска и барање да се поведе постапка пред Судот на честа при Лекарската комора, кој е единствен независен и надлежен орган на Комората што може да расправа за одговорноста на лекарите за сторена повреда на Кодексот на медицинската деонтологија и да носи одлуки за евентуално привремено или трајно одземање …

Лекарска комора ќе отвори постапка пред Судот на честа за докторката Нина Цаца Билјановска Read More »

(Видео) Како еден таксист се штити од корона вирусот


Кога станува збор за корона вирусот, превенцијата на многумина им е на прво место, а за тоа се свесни и многу кинески таксисти кои и покрај бројните забрани сè уште мора да ја извршуваат својата работа. На социјалните мрежи се појави видео кое го направил еден патник во такси, а на кое се гледа како …

(Видео) Како еден таксист се штити од корона вирусот Read More »

ФФМ официјално побара од УЕФА одложување на натпреварот со Косово


Фудбалската федерација на Македонија официјално со допис до УЕФА побара одложување на натпреварот со Косово од полуфиналето во плејофот за пласман на Европското првенство, закажан за 26 март на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Во дописот до Европската куќа на фудбалот, покрај проблемот со гледачите (забрана од македонската Влада за присуство на публика), ФФМ …

ФФМ официјално побара од УЕФА одложување на натпреварот со Косово Read More »

Обрасците за пасоши може да стигнат следната недела


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска повтори дека наскоро се очекува да пристигнат обрасците за пасоши, по што како што рече, ќе бидат ангажирани повеќе припадници на управните служби на МВР со цел во кус период да се изготват пасошите за околу 20 илјади граѓани кои имаат поднесено барања и треба да ги добијат …

Обрасците за пасоши може да стигнат следната недела Read More »

Филипче: Нема целосно затворање на границите


Државата нема да ги затвори границите целосно, како превенција од корона вирусот, потенцира министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција. Тој појасни дека тешко ќе се препорача мерка за целосно затворање на границите и оти немаат таква препорака од Светската здравствена организација, како и дека не може да се каже дали ќе се одржат изборите. …

Филипче: Нема целосно затворање на границите Read More »

Дефинирана листа со хронични болести за ослободување од работа поради коронавирусот


Лицата со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни, со малигни заболувања, со дијабетес тип 1, други имунокомпромотирачки состојби, како и бремените жени, треба да бидат ослободени од работа со препораката од Владата за спречување на ширеењето на коронавирусот. Листата на хронични болести точно ја дефинираше Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, информираше денеска ресорниот …

Дефинирана листа со хронични болести за ослободување од работа поради коронавирусот Read More »

Чулев: Припадниците на МВР патролно ги контролираат лицата во изолација поради коронавирусот


Припадниците на полицијата патролно ги контролираат лицата на кои им е одредена мерка изолација поради коронавирусот. На граничните премини тие делат информативни флаери, а врз основа на увид во патните исправи доколку проценат или доколку сам се пријави одреден граѓанин, наш државјанин, кој доаѓа од високо ризичните земји вршат и интервјуа или по потреба повикуваат …

Чулев: Припадниците на МВР патролно ги контролираат лицата во изолација поради коронавирусот Read More »

Вучиќ ги откажа сите изборни митинзи, но училишта не затвора


Вучиќ со барање за откажување на сите предизборни собири на СНС, опозицискиот СзС со исто барање за сите јавни собири Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги откаже сите изборни митинзи на неговата Српската напредна странка (СНС) до 1 април, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и заради превентивни мерки. Денеска и опозицискиот Сојуз …

Вучиќ ги откажа сите изборни митинзи, но училишта не затвора Read More »

Италија: За само 24 часа 168 починати од Ковид-19


Во Италија, која е најтешко погодена од новиот коронавирус по Кина, дури 168 лица починаа за само 24 часа, што е највисоко за еден ден од 21 февруари од моментот кога беа регистрирани првите случаи. Така, бројот на загинати се зголеми за 36 проценти за само еден ден и сега изнесува 631. Пријавени се нови …

Италија: За само 24 часа 168 починати од Ковид-19 Read More »

Дванаесет лица се тестираат за коронавирус


Дванаесет лица се тестираат за коронавирус информира министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Според него, станува збор за две лица кои пред 5-6 дена се вратиле здрави од Италија, а утрово развиле симптоми, потоа осум лица од Дебар – соседи на тројца заболени со коронавирус со кои живееле во лепенка и со кои …

Дванаесет лица се тестираат за коронавирус Read More »

Во наредите две недели услугите на ПОЦ исклучиво по електронски пат


Јавното претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар од утре поради ситуацијата со коронавирусот привремено ќе ги затвори шалтерите за прием на странки и ги повикува своите корисници во наредните две недели да ги користат услугите на претпријатието по електронски пат на веб платформата www.poc.mk. – Корисниците ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, …

Во наредите две недели услугите на ПОЦ исклучиво по електронски пат Read More »

Миење и дезинфекција на сите контејнери во Скопје


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје извршиле комплетно миење и дезинфекција на сите постоечки садови за исфрлање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје. Миењето и дезинфекцијата, како што информираа од ЈП, се вршело веднаш по празнењето на контејнерите, со употреба на специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа вода …

Миење и дезинфекција на сите контејнери во Скопје Read More »

Зоолошката градина времено затворена


Зоолошка градина Скопје во наредниот период нема да биде отворена за посетители поради придржување кон мерките за заштита од коронавирусот. -Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, Зоолошка градина Скопје нема да биде отворена за посетители во наредниот период, се додека траат мерките за заштита …

Зоолошката градина времено затворена Read More »

Адвокатот на Јанкулоска казнет со 1.000 евра поради отсуство од судење


Поради отсуство на рочиште за предметот „Титаник”, адвокатот Петар Василев, застапник на обвинетата Гордана Јанкуловска, е казнет со 1000 евра. Судијата Осман Шабани, при оваа одлука образложи дека адвокатот Василев, не е прв пат да отсуствува на рочиште. Судењето за овој предмет е во фаза на презентација на вербални докази од страна на обвинителството. За …

Адвокатот на Јанкулоска казнет со 1.000 евра поради отсуство од судење Read More »