Филипче: Нема целосно затворање на границите


Венко Филипче има поддршка од околу 80 отсто од граѓаните за справувањето со корона кризата (Фото: Б. Грданоски)

Државата нема да ги затвори границите целосно, како превенција од корона вирусот, потенцира министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција.

Тој појасни дека тешко ќе се препорача мерка за целосно затворање на границите и оти немаат таква препорака од Светската здравствена организација, како и дека не може да се каже дали ќе се одржат изборите. Засега, како што појасни, е тешко да се препорача мерка како целосно затворање на границите, затоа што тоа не зависи само од нас, туку и од локалните земји, а немаме таква препорака од СЗО и ја следиме ситуацијата.

– На граничните премини полицајците одлично ја вршат работата за спроведување на прашалникот, веќе имаше и обуки кај нив од страна на Институтот за јавно здравје, и Црвениот крст се приклучи пред се на Табановце и Богородица. Во текот на денов ќе имаме состанок да се спроведе оваа препорака на Владата, за да се зајакнат екипите и на другите гранични премини. Во кое било време на располагање им епидемилозите и од локалните центри за јавно здравје. Утринава имавме разговор со претставници на гранични премини во однос на спроведување на мерката за забрана на директни автобуски линии си ризичните реони, така што и тоа е нешто што веќе се спроведува на границите, рече Филипче.