Адвокатот на Јанкулоска казнет со 1.000 евра поради отсуство од судење


Поради отсуство на рочиште за предметот „Титаник”, адвокатот Петар Василев, застапник на обвинетата Гордана Јанкуловска, е казнет со 1000 евра.

Судијата Осман Шабани, при оваа одлука образложи дека адвокатот Василев, не е прв пат да отсуствува на рочиште.

Судењето за овој предмет е во фаза на презентација на вербални докази од страна на обвинителството.

За денеска беше предвидено да се сослушаат осум сведоци, но ќе сведочат само двајца, откако поголемиот дел од сведоци не добиле покани за сведочење.

Овој случај за изборни нерегуралности го застапува обвинителката Лиле Стефанова, додека судскиот предмет го води судијата Осман Шабани.

Во „Титаник“, освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.