Вучиќ ги откажа сите изборни митинзи, но училишта не затвора


Вучиќ со барање за откажување на сите предизборни собири на СНС, опозицискиот СзС со исто барање за сите јавни собири

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги откаже сите изборни митинзи на неговата Српската напредна странка (СНС) до 1 април, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и заради превентивни мерки.

Денеска и опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) ја повика српската Влада веднаш да донесе одлука за забрана на јавни собири, привремено да ги затвори сите предучилишни и училишни установи и факултети, најмалку три недели и да препорача сите претпријатија да им овозможат на вработените да работат од дома со цел да ги заштитат жителите од ширењето на вирусот Ковид-19.

Од СзС, исто така, наведоа дека ги откажале сите планирани митинзи во кампањата за бојкот на изборите, започнувајќи со собирот најавен за денеска во Куршумлија.

Вучиќ рече дека собири на отворенио не се забранети, но дека денеска Владата ќе донесе мерка со која ќе ги забрани сите собири на затворено, каде има повеќе од 100 луѓе.

Смета дека нема потреба од затворање на образовните установи.

„Сѐ што е до 100 луѓе, нема проблем, затоа што тоа се генерации кои и кога же поминат низ болеста немаат никакви проблеми – но ќе повторам, миење раце со сапун“, вели Вучиќ.

Од друга страна пак, мнаставата во сите училишта и факултети во Босна и Херцеговина од утре ќе биде прекината на две недели поради епидемијата со новиот коронавирус, најави министерот за здравство на БиХ, Вјекослав Мандиќ.

Тој додаде дека покрај наставата се прекинуваат и сите театарски претстави, но и многу спортски натпревари.

Советот на родители на кантон Сараево претходно побара наставата да се одвива на интернет, како превентивна мерка во наредниот период.

Во Албанија потврдени се два нови случаи на лица заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 12 лица.

-Направени се 43 нови тестови, само два случаи се позитивни. Едниот бил во контакт со првозаразените, татко и син во Тирана, додека другиот е повозрасно лице од Љушња кој допатувал од Бергамо. До денеска тестирани се вкупно 157 лица сомнителни на Ковид-19 а до сега само 12 беа позитивни, од кои дури девет имале контакт со првозаразените, рече заменик министерката за здравство Мира Ракацоли, на редовната пладневна прес конференција.

Таа додаде дека 104 лица кои контактирале со веќе заразените се во домашна изолација, меѓу нив и здравствени работници.

Албанското Министертво за здравство денеска издаде нова наредба со која до 3 април се става клуч на врата на ноќните клубови, детските забавни објекти, спортски центри, базени, интернет-клубови, културни центри, пабови и диско- клубови.