Зоолошката градина времено затворена


Фото: Б. Грданоски
Зоолошка градина Скопје во наредниот период нема да биде отворена за посетители поради придржување кон мерките за заштита од коронавирусот.
-Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, Зоолошка градина Скопје нема да биде отворена за посетители во наредниот период, се додека траат мерките за заштита од коронавирусот, информираат од Зоолошката градина.
Во меѓувреме, се наведува, постојано ќе се врши дезинфицирање на живеалиштата на животните во градината.