Три женски лица депортирани од Турција, биле во Сирија и Ирак
Согласно протоколите за здравствена и социјална заштита, на аеродромот беа направени првите контролни здравствени прегледи и извршени анкети и разговори, при што им се дадени и совети за нивното натамошно згрижување, здравствена и социјална заштита.
Откако беа направени службени формалности за потврдување на идентитетот и првичните здравствени прегледи, беа информирани дека согласно член 31 од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и поради нивно здравствено згрижување и потреба од остварување на правата од социјалната заштита, им е врачено решение за ставање под здравствен надзор и обезбедување на здравствена заштита.
Лицата се сместени во објект под надзор на Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјални работи Скопје, поради фактот дека доаѓаат од подрачја со зголемен епидемиолошки ризик, вклучително и заради тековните мерки за превенција од корона вирусот.
Откако ќе помине периодот на здравствен надзор, и ќе бидат завршени сите медицински прегледи и тестови, особено од аспект на здравствена заштита на 2-годишно дете, по претходна одлука на соодветен стручен тим од Министерството за здравство, на трите женски лица ќе им биде овозможено да бидат прифатени од нивните најблиски, како и да бидат интегрирани во системот за социјална заштита по стручна процена на надлежните служби на Министерството за труд и социјална политика.