САД почнува со тестирање на луѓе за вакцина за Ковид-19


Клиничкото испитување за тестирање на вакцина против коронавирус на човечки субјекти ќе почне следната недела, изјави американски официјален претставник. Првиот учесник ќе ја добие експерименталната вакцина следниот понеделник, со цел да се откријат потенцијални несакани ефекти, но тој нема да биде заразен со вирусот. Испитувањето е финансирано од Националниот институт за здравство и ќе се …

САД почнува со тестирање на луѓе за вакцина за Ковид-19 Read More »

Нови 12 случаи во Турција


Во Турција потврдени се 12 нови случаи заразени со корона вирус, со што вкупниот број заразени порасна на 18, што е најголем дневен скок од кога во таа земја минатата недела беше откриен првиот заболен, соошто денеска министерот за здравје Фахретин Коца. Коца прецизираше дека два од нивоте случаи се поврзани со првиот заболен, седум …

Нови 12 случаи во Турција Read More »

Утре без струја делови од Аеродром и Ѓорче Петров


Поради закажани технички зафати утре без електрична енергија ќе останат делови од општината Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК. Во период од 9 – 15 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите од булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „АСНОМ“ во општина Аеродром, како и дел од село Волково, објектите кај црквата на пат кон …

Утре без струја делови од Аеродром и Ѓорче Петров Read More »

Курц најави целосно укинување на летовите поради Ковид-19


Австијците кои се во странство треба под итно да се вратат, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц, најавувајќи дека набрзо ќе ги укине летовите. Тој за австриската државна телевизија ОРФ изјави дека во моментот авиосообраќајот е на минимум, а кога сите Австријци ќе се вратат, сите летови ќе бидат укинати кон подрачјата загрозени со новиот коронавирус. …

Курц најави целосно укинување на летовите поради Ковид-19 Read More »

Спасовски: Граѓаните заглавени во меѓуграничните зони тргнаа кон земјава


Премиерот Оливер Спасовски информира дека сите наши државјани кои беа оставени во меѓуграничната зона меѓу Хрватска и Србија и меѓу Унгарија и Србија се тргнати со конвој кон земјава. – Сакам да информирам дека нашите граѓани коишто беа останати во меѓуграничната зона помеѓу Хрватска и Србија како и помеѓу Унгарија и Србија безбедно тргнаа во …

Спасовски: Граѓаните заглавени во меѓуграничните зони тргнаа кон земјава Read More »

Филипче: Дали ќе се прогласи вонредна или кризна состојба е небитно, важно е да се спроведуваат мерките


Нема промена во бројот на заболени од коронавирусот. Состојбата на заболените е непроменета. Дали ќе се прогласи вонредна или кризна состојба е небитно. Важно е да се имплементираат мерките кои во даден момент треба да се спроведат. Нашиот пристап е поостар и понавремен, изјави министерот за здравство Венко Филипче за „Утрински брифинг“на „Слободна ТВ“. –  …

Филипче: Дали ќе се прогласи вонредна или кризна состојба е небитно, важно е да се спроведуваат мерките Read More »

Ќе се затвори аеродромот во Охрид, отворени само пет гранични премини


Во рок од 48 часа ќе биде затворен за летови аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, информира вечерва министерот за здравство Венко Филипче, како превентива од ширење на Ковид-19. Исто така, ќе бидат затворени сите гранични премини, освен „Табановце“, „Деве Баир“, „Богородица“, „Меџитлија“ и „Ќафасан“. Министерството за здравство од секој македонски државјанин што доаѓа од …

Ќе се затвори аеродромот во Охрид, отворени само пет гранични премини Read More »

Фото вест: Се дезинфицира прес-центарот во Влада


По секое одржување на прес-конференција во центарот во Владата, тој се дезинфицира. Од Владата објавија фотографија со која покажуваат дека се грижат за новинарите и министрите кои одржуваат прес-конференции со цел јавноста да биде навремено информирана за последните состојби со корона вирусот. Претходно, министерот за здравство Венко Филипче сугерира и столчињата на кои седат новинарите …

Фото вест: Се дезинфицира прес-центарот во Влада Read More »

Целосно се затвораат кафулињата и продавниците, освен маркетите и аптеките


Како превентивна мерка од ширење на корона вирусот министерот за здравство Венко Филипче, вечерва на прес-конференција, рече дека Кризниот штаб донесол одлука да се затворат сите продавници во трговските центри, освен маркетите, продавниците за храна и аптеките. Како што појасни Филипче, рестораните кои подготвуваат храна може да работат, но храната да ја доставуваат на алтернативен …

Целосно се затвораат кафулињата и продавниците, освен маркетите и аптеките Read More »

Владата прогласи кризна состојба на дел од државата – затворање на граничните премини Џепиште – Требиште и Блато


Покрај прогласувањето на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, ќе се затворат граничниот премин Џепиште – Требиште и граничниот премин Блато, како и Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната 18 седница на која го разгледала Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во …

Владата прогласи кризна состојба на дел од државата – затворање на граничните премини Џепиште – Требиште и Блато Read More »

(Видео) Мерките мора да се почитуваат – вирусот не е шега


Министерот за здравство Венко Филипче, повикува на морал од секој од нас. Вели дека ова не е шега и дека секој од нас, за свое добро и доброто на најблиските треба да се придржува до мерките за заштита од корона вирусот донесени од Владата. https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/223203032200803/

Шпанија најави прогласување вонредна состојба


Владата на Шпанија денеска ќе прогласи вонредна состојба поради пандемијата на коронавирусот. Секој момент се очекува вонредно обраќање на премиерот Педро Санчез. Состојбата на подготвеност, како што соопштија локални телевизии, претставува прв од трите степени на вонредна состојба во земјата. Првата фаза ќе трае 15 дена, за кое време ќе се прават подготовки за евентуална …

Шпанија најави прогласување вонредна состојба Read More »

Манчевски: Документи се достапни електронски – не одете по шалтери


Најчесто бараните документи ќе можат да се добијат по електронски пат. Да ги избегнеме чекањата по шалтери, апелираше денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на попладневната прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче. Во насока на сите мерки што ги презема Владата за спречување на Ковид 19, апелираме до сите граѓани кои …

Манчевски: Документи се достапни електронски – не одете по шалтери Read More »

Сите собири со повеќе од 100 луѓе се забранети во Франција


Францускиот премиер Едуар Филип, во интервју за телевизијата ТФ1, соопшти дека собирите со повеќе од 100 луѓе се забранети, јави дописникот на МИА. – Ние сме на почетокот на забрзување на вирусот, рече Едуард Филип, објаснувајќи дека мерките што се преземаат во моментов се „мерки за спречување“. Но, за да оди подалеку, тој најави дека …

Сите собири со повеќе од 100 луѓе се забранети во Франција Read More »

Коронавирусот брзо се шири во Словенија – вкупно заразени 141 лице


Словенечките здравствени власти објавија дека само од синоќа до сега се потврдени 44 нови случаеви на коронавирус. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие новoзаразени вкупната бројка на инфицирани се зголеми на 141. Најголем пораст на заболени има во Љубљана и околината. Според последните информации, четворица пациенти се во критична здравствена состојба. …

Коронавирусот брзо се шири во Словенија – вкупно заразени 141 лице Read More »

Фон дер Лајен: Пандемијата на коронавирусот е тест за луѓето и економијата


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот претставува „тест за луѓето и економијата“ и оцени дека ЕУ ќе издржи таков „шок“ под услов да е „одлучна, координирана и обединета“. – Сите земји-членки треба да знаат дека не е можно да се запре вирусот, но она што е најважно …

Фон дер Лајен: Пандемијата на коронавирусот е тест за луѓето и економијата Read More »

Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа – четири нови случаи


Владата одлучи да прогласи кризна состојба во Општините Дебар и Центар Жупа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Состојбата на тројцата заболени од Дебар е тешка, а кај една пациентка дополнително се влошила. Филипче рече дека е на граница да биде поставена на механичка респирација. Дополнително четири нови случаи има заболени од корона вирус во …

Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа – четири нови случаи Read More »

Ајвар произведен во Северна Македонија се повлекува од маркетите во Словенија


Словенечката Управа за безбедност на храната од страна на синџирот маркети Шпар, била известена дека од продажба повлекуваат ајвар произведен во Северна Македонија, поради присуство на недозволени материи. Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, оваа информациија е објавена на интернет страна на словенечката Влада. За сега не се соопштува за какви штетни материи …

Ајвар произведен во Северна Македонија се повлекува од маркетите во Словенија Read More »

Сугарески: Регионалниот пат Прилеп-Битола идната недела ќе биде пуштен во сообраќај


Наредната недела се очекува да се пушти во сообраќај регионалниот пат Прилеп-Битола, во делот кај индустриската зона каде се гради клучката со придружната патна инфраструктура. Ова го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој со директорот на ТИРЗ Александар Стојановски денеска беше на увид на работите со асфалтирањето на приклучоците на клучката која …

Сугарески: Регионалниот пат Прилеп-Битола идната недела ќе биде пуштен во сообраќај Read More »