Нови 12 случаи во Турција


Во Турција потврдени се 12 нови случаи заразени со корона вирус, со што вкупниот број заразени порасна на 18, што е најголем дневен скок од кога во таа земја минатата недела беше откриен првиот заболен, соошто денеска министерот за здравје Фахретин Коца.

Коца прецизираше дека два од нивоте случаи се поврзани со првиот заболен, седум допатувале од Европа, а три од САД, пренесува Ројтерс. Турција во средата стана последна голема светска економија која пријави епидемија.

Владата од тогаш презеде мерки да го сопре ширењето на вирусот, меѓу кои е и затворање школи и факултети, одржување спортски настани без присуство на публика и забрана за летови кон многу земји. Илјадници муслимани кои се вратија од аџилак во Саудиска Арабија ставени се од вчера во карантин, а министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска ќе бидат затворени баровите и ноќните клубови.