Кинески здравствени работници ќе ги тестираат Саудијците на Ковид-19


Саудиска Арабија вчера потпиша договор со Кина во висина од 264 милиони американски долари, за тестирање на девет милиони граѓани на Ковид-19. Договорот предвидува 500 кинески здравствени работници да бидат ангажирани во шест лаборатории, што треба да се изградат во Саудиска Арабија. Во Саудиска Арабија регистрирани се повеќе од 17.000 заразени луѓе со новиот коронавирус, …

Кинески здравствени работници ќе ги тестираат Саудијците на Ковид-19 Read More »

Телефонски разговор Трамп – Макрон за СЗО


Американскиот и француски претседател Донмалд Трамп и Емануел Макрон во телефонскиот разговор се согласија дека е неопходна реформа на Светска здравствена организација, изјави портпаролот на Бела куќа, Џуд Дир. Тој на Твитер напиша дека двајцата лидери разговарале за „позитивниот развој на настани во борбата против пандемијата со корона вирусот и напредокот за повторно отворање на …

Телефонски разговор Трамп – Макрон за СЗО Read More »

Турција со четиридневен карантин, над 110.000 заразени


Во Турција во последните 24 часа потврдени се уште 2.357 случаи со корона вирус, со што вкупниот број на заразени порасна на 110.130. Денеска починаа 99 луѓе од последиците од ковид-19, а вкупно починале  2.805, покажуваат денеска објавените податоци од Министерството за здравство. Турција е земја со најмногу заболени надвор од Европа и САД. Од …

Турција со четиридневен карантин, над 110.000 заразени Read More »

(Видео) Плажите во Калифорнија полни – како да не е пандемија


Голем број луѓе поради летните температури заминаа на плажите во Калифорнија покрај апелите на властите да продолжат да ги практикуваат мерките за социјално дистанцирање. Илјадници луѓе во текот на викендот се најдоа на плажите во Њупорт и Хантингтон, покрај наредбите да останат дома. #Coronavirus, in #California pienone sulle spiagge senza divieto di accesso. https://t.co/IKeiNHBxfc — …

(Видео) Плажите во Калифорнија полни – како да не е пандемија Read More »

ЈСП од утре вози по саботен ред во две смени


Од ЈСП Скопје потсетуваат, дека автобусите од градскиот превоз и приватните превозници од утре, понеделник (27.04.2020 год) продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот. Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по …

ЈСП од утре вози по саботен ред во две смени Read More »

Дневниот биланс на починати продолжува да се намалува во Франција


Со 242 смртни случаи за 24 часа, дневниот биланс н а починати од вирусот Ковид-19 јасно се намалува, со што продолжува да се намалува притисокот врз француските болници. Од епидемијата до вечерва починаа вкупно 22.856 лица во Франција. Според денешните бројки од здравствените власти се потврдува тенденцијата на намалување на бројот на пациентите на интензивна …

Дневниот биланс на починати продолжува да се намалува во Франција Read More »

Филипче: Се уште не е донесена одлука какво ќе биде ограничувањето на движењето за првомајските празници


Надлежните се уште немаат донесено одлука дали претстојниот викенд на кој му претходи и празникот 1 Мај ќе има тридневно ограничување на движењето на граѓаните, и оти таа ќе биде донесена врз основа на анализа на однесувањето на граѓаните, дали се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот за задолжителна заштитна опрема и одржување дистанца. Во …

Филипче: Се уште не е донесена одлука какво ќе биде ограничувањето на движењето за првомајските празници Read More »

Се помалку новозаразени со Ковид-19 во Словенија


Здравствените власти во Словенија регистрираа само седум новозаразени со Ковид-19. И понатаму се намалува бројот на хоспитализирани лица поради новиот коронавирус, па така во овој момент во болниците низ земјата се лекуваат вкупно 80 пациенти, од кои само 23 на одделенијата за интензивна нега. Во изминатите 24 часа, од здравствените центри се отпуштени двајца пациенти, …

Се помалку новозаразени со Ковид-19 во Словенија Read More »

Филипче: Граѓаните не ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема, ќе предложиме санкционирањето да почне веднаш


Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести утре до Владата ќе поднесат предлог санкционирањето за неносење заштитна опрема – маска или прекривка на устата и носот во насока на заштита од ширењето на коронавирусот да почне веднаш истиот ден или надоцна во вторник, бидејќи е констатирано дека голем дел од граѓаните или не користат …

Филипче: Граѓаните не ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема, ќе предложиме санкционирањето да почне веднаш Read More »

Во дневната бројка тестови не спаѓаат контролните


Министерот за здравство Венко Филипче, појасни денеска на прес-конференција дека дневната бројка што ја соопштуваат за направени тестови се однесува само на новодијагностицирани пациенти. Филипче рече дека има многу мал број тестови што влегуваат во оваа бројка, а се прават за додијагностицирање. Сепак, вели Филипче, тие не влијаат на крајниот резултат. Во однос на тоа …

Во дневната бројка тестови не спаѓаат контролните Read More »

Српската Влада го зголеми полицискиот час за Први мај, ќе заседава и Собранието


Српската Влада соопшти дека забраната за движење за првомајските празници ќе трае од четврток, 30 април од 18 часот до понеделник, 4 мај до пет часот. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Владата ја донесе оваа мерка поради приближувањето на првомајските празници, со цел да ги намали социјалните контакти на минимум. Како што …

Српската Влада го зголеми полицискиот час за Први мај, ќе заседава и Собранието Read More »

Скрининг без епидемиолошка анкета бил правен на членовите на Кризниот штаб во Куманово


На членовите од Кризниот штаб во Куманово им биле земани брисеви заведени како скрининг, со што е прекршен Законот за заштита на населението од заразни болести, а прекршок има и што брисеви се земани во просториите на Општина Куманово. Како што појасни директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова – Бухова, брисеви биле земани на 26 март …

Скрининг без епидемиолошка анкета бил правен на членовите на Кризниот штаб во Куманово Read More »

(Во живо) Прес на Филипче и директорката на ДСЗИ д-р Иринка Сотирова-Бухова


/министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) д-р Иринка Сотирова-Бухова, денеска, во 14 часот ќе одржат заедничка прес-конференција, преку онлајн-видео комуникација. Проследете ја во живо:

Розовите фламинга го преплавија западното крајбрежје на Албанија


Карантинот во кој е Албанија поради пандемијата со Ковид-19 се чини дека донесе придобивки за животинскиот свет и животната средина. Во земјата позитивен ефект е збогатувањето на фауната, објави „Еуроњуз“ додавајќи дека за повеќе од трипати се зголемил бројот на розовите фламинга. – Розовите фламинга во големи јата летаат во Албанија и се забавуваат во …

Розовите фламинга го преплавија западното крајбрежје на Албанија Read More »

Град Скопје со програма од шест изведувачи за денеска во рамки на програмата „Култура во време на Корона“


После вчерашните концерти на отворено во Топанско Поле на Артан Кастрати и групите Funk Shui и Musaiq кај Млечен, денеска ќе настапат шест изведувачи како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје за подрршка на културните работници. -Со почеток во 11.30 часот, на фејсбук страницата на Град Скопје ќе …

Град Скопје со програма од шест изведувачи за денеска во рамки на програмата „Култура во време на Корона“ Read More »

Вашингтон пост го тужи Стејт департментот за депешите од лабораторијата во Вухан


Американскиот весник Вашингтон пост поднесе тужба против Стет департментот откако им беше одбиено барањето да добијат увид во депешите за безбедност во лабораторијата за истражување во кинескиот град Вухан, од каде почна пандемијата со корона вирус. Како што објави Вашингтон пост, тужбата е поднесена во Окружниот суд на САД во Вашингтон и се однесува на …

Вашингтон пост го тужи Стејт департментот за депешите од лабораторијата во Вухан Read More »

Кичевец паднал од велосипед и починал


Вчера во 15.05 часот дежурен лекар од Медицински Центар Кичево пријавил во Полициска станица Кичево дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на село Беласица, се наоѓа безживотно тело на маж паднат од велосипед. На посоченото место починат бил пронајден В.Ѓ. (52) од Кичево. Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е …

Кичевец паднал од велосипед и починал Read More »

Децата збунети, родителите затекнати од корона вирусот


Да се остане дома во затворен простор претставува голем предизвик, особено кога станува збор за децата, кои за време на овие пролетни и сончеви денови со нетрпение чекаат да излезат од своите соби. Меѓутоа, наместо игри со другарчињата, трчање по трева и шетање во паркови, кои всушност по правило се пожелни за децата, сега ситуацијата …

Децата збунети, родителите затекнати од корона вирусот Read More »

Зголемен бројот на труења во САД по советот од Трамп за вбризгување белило


  Директорката на американскиот Завод за јавно здравство во државата Илиноис Нгоки Езике вели дека дошло до значителен пораст на случаи на труење во последните два дена. Тоа од друга страна, се поклопува со совето на претседателот на САД ДОналд трамп, за вбризгување дезинфекциски средства за да се спречи корона вирусот. Таа вели дека труење …

Зголемен бројот на труења во САД по советот од Трамп за вбризгување белило Read More »

Ким Џонг-ун е во кома или мртов, но нема официјална потврда


Светските медиуми пишуваат дека се шпекулира оти лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун починал или е во кома по операција за вградување стент на срцето, но сè уште нема официјална потврда. Њујорк пост пишува дека информациите за смртта на севернокорејскиот претседател се појавиле на ТВ во Хонгконг, а наведуваат и дека некои јапонски медиуми пренеле …

Ким Џонг-ун е во кома или мртов, но нема официјална потврда Read More »