Се помалку новозаразени со Ковид-19 во Словенија


Фото: Б. Грданоски

Здравствените власти во Словенија регистрираа само седум новозаразени со Ковид-19.

И понатаму се намалува бројот на хоспитализирани лица поради новиот коронавирус, па така во овој момент во болниците низ земјата се лекуваат вкупно 80 пациенти, од кои само 23 на одделенијата за интензивна нега.

Во изминатите 24 часа, од здравствените центри се отпуштени двајца пациенти, а еден човек почина како последица од Ковид-19.