Во дневната бројка тестови не спаѓаат контролните


Министерот за здравство Венко Филипче, појасни денеска на прес-конференција дека дневната бројка што ја соопштуваат за направени тестови се однесува само на новодијагностицирани пациенти.

Филипче рече дека има многу мал број тестови што влегуваат во оваа бројка, а се прават за додијагностицирање.

Сепак, вели Филипче, тие не влијаат на крајниот резултат.

Во однос на тоа како се прогласуваат пациентите за оздравени, д-р Ирина Сотирова – Бухова, од ДСЗИ вели дека се прават два контролни тестови. Односно по првиот тест, кога екипа оди дома и зема брис од пациентот, а во рок од 24 часа се покаже дека тој е негативен, тогаш се прави уште еден тест, кој ако е негативен се вели дека пациентот е оздравен.