Си-ен-Ен: Најстручните лекари исчезнаа од ТВ поради цензурата на Белата куќа


Најквалификуваните американски лекари исчезнаа од екраните на американските национални телевизии во време кога Белата куќа спроведува засилена контрола на комуникациите поради пандемијата на коронавирусот и се обидува да ја убеди јавноста во оправданоста за брзо рестартирање на американската економија, јави Си-ен-ен. Последно појавување на национална телевизија на некој член од Кризниот штаб за борба против …

Си-ен-Ен: Најстручните лекари исчезнаа од ТВ поради цензурата на Белата куќа Read More »

Словенија прогласи крај на епидемијата


Словенија е првата европска земја која прогласи победа во борбата против епидемијата на опасниот коронавирус. Словенечките власти во текот на вчерашниот ден и официјално соопштија дека повеќе нема епидемија на Ковид-19 во нивната земја. Објавата доаѓа откако во оваа земја во последните две седмици беа регистрирани помалку од 7 случаи на заразата дневно. Прогласувањето на …

Словенија прогласи крај на епидемијата Read More »

Научниците од Оксфорд дојдоа до ветувачки наоди за вакцината против корона вирусот


Вакцината против корона вирусот што била развиена од научници од универзитетот Оксфорд и тестирана врз шест мајмуни, дала ветувачки наоди кои на крајот од минатиот месец довеле до почетни испитувања и врз човекот, соопштија американски и британски истражувачи. Британскиот производител на лекови „АстраЗенека“ минатиот месец соопшти дека се здружил со истражувачите од Оксфордската група за …

Научниците од Оксфорд дојдоа до ветувачки наоди за вакцината против корона вирусот Read More »

Носење заштитни маски на улица станува задолжително во Лос Анџелес


Носењето маски во Лос Анџелес на отворено сега е задолжително за сите лица над две години. Целта е да се помогне да се запре ширењето на корона вирусот. Тоа го изјави градоначалникот Ерик Гарсети. – Носењето маски кога излегувате од дома помага во заштитата на луѓето со кои влегуваме во контакт. Бараме сите во Лоа …

Носење заштитни маски на улица станува задолжително во Лос Анџелес Read More »

Рускиот министер за образование заразен со корна вирус


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека министерот за образование на земјата е заразен со корона вирус. Тоа е шести функционер кој доби Ковид-19 во текот на пандемијата. Во Русија до сега заразени се повеќе од 250.000 луѓе, јави Ројтерс. Но, властите јавија за намален раст затоа што известија дека бројот заразени денеска е …

Рускиот министер за образование заразен со корна вирус Read More »

Италијанскиот премиер се закани дека ќе излезат од ЕУ поради туристичките коридори


Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја критикуваше Европската Унија за планот за туристичката сезона која предвидува таканаречени зелени коридори меѓу земјите на ЕУ и се закани со излегување од Унијата поради ваквата стратегија. Предложените туристички коридори би овозможиле на одредени земји со ниска стапка на зараза од Ковид-19 или они во значаен пад да пропуштаат посетители …

Италијанскиот премиер се закани дека ќе излезат од ЕУ поради туристичките коридори Read More »

Германска вакцина против корона вирус: Животните развиле имунитет


  Германската компанија „Кјурвак“ соопшти дека нејзината експериментална вакцина против новиот вид корона вирус предизвикала имуносен одговор кај животните на кои им е дадена помала доза. Компанијата најави дека има намера да почне со испитување на луѓе во јуни и дека сегашните резултати покажуваат дека нивниот „кандидат за вакцина може да предизвика силен имунолошки оговор …

Германска вакцина против корона вирус: Животните развиле имунитет Read More »

Барање за останување во Велика Британија поднеле 3,5 милиони граѓани на ЕУ


  Повеќе од 3,5 милиони граѓани на ЕУ поднеле барање за останување во Велика Британија под условите претставени по референдумот, соопшти британската влада. Вкупниот број е близу бројот на европски граѓани кои живееле во Британија пред референдумот за напуштање на Европската Унија во јуни 2016 година. Тоа покажува дека не се случи егзодус кој го …

Барање за останување во Велика Британија поднеле 3,5 милиони граѓани на ЕУ Read More »

Пленковиќ: Распуштање на Парламентот на 18 мај, избори на крајот на јуни или почетокот на јули


Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска најави дека Парламентот ќе биде распуштен в понеделник, 18 мај и го извести претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, кој има можност да распише избори за 21 или 28 јуни односно 5 или 12 јули. – По седницата на Владата и седницата на парламентарното мнозинство, можам да ја известам хрватската …

Пленковиќ: Распуштање на Парламентот на 18 мај, избори на крајот на јуни или почетокот на јули Read More »

Утре седница на Советот за безбедност


Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ утре со почеток во 13.30 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски, ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. По завршувањето на седницата, информираат од прес-службата на …

Утре седница на Советот за безбедност Read More »

Затворените трговски профункционираа – се почитуваат заштитните мерки (галерија)


Дел од трговските центри од затворен тип во земјава почнаа со работа, а дел отвораат утре. Нашиот фотограф Борис Грданоски го посети трговскиот „Рамстор“ во центарот на Скопје, каде ги забележа протоколите за спречување на ширењето на корона вирусот на дело. Бројот на посетители е помал од претходно, а се почитуваат и препорачаните мерки за …

Затворените трговски профункционираа – се почитуваат заштитните мерки (галерија) Read More »

ДЗС и МВР трагаат по исчезнато лице во околината на Тумбе кафе во Битола


Тим на Дирекцијата за заштита и спасување, специјализиран за спасување од планина заедно со припадници на МВР рано изутрина почнаа акција за потрага по лице на возраст од 85 години, откако вчера е пријавен за исчезнат во околината на Тумбе кафе и местото викано Сива. Дирекцијата за заштита и спасување соопштија денеска дека покрај тимот …

ДЗС и МВР трагаат по исчезнато лице во околината на Тумбе кафе во Битола Read More »

Уставен одлучи: Од утре се укинува посебниот полициски час за помладите од 18 и постарите од 67 години


Уставниот суд на денешната седница изрече времена забрана за владината уредба со која се ограничуваше движењето на граѓаните постари од 67 години и од утре тие ќе можат да излегуваат од 5 до 19 часот, како и другите граѓани, а не од 5 до 12 напладне. Со мнозинство гласови судиите одлучија дека има сомнеж за …

Уставен одлучи: Од утре се укинува посебниот полициски час за помладите од 18 и постарите од 67 години Read More »

Во Србија нови 79 заболени, двајца починати


Според најновите податоци, битката со Ковид-19 ја изгубија уште двајца пациенти во Србија. Од 6.194 тестирани заразени се 79 лица, објавено е на covid19.rs. Вкупниот број позитивни на корона вирус во Србија е 10.374, а починати се 224. Процентот на смртност е 2,15 отсто. Во болница се 949 пациенти, од кои 20 на респиратор. До …

Во Србија нови 79 заболени, двајца починати Read More »

Ер Србија на 21 мај почнува со летови за четири европски дестинации, од 7 јуни и за Скопје


Авио компанијата Ер Србија објави дека од 21 мај ќе ги врати летовите на ограничен број дестинации, кон Лондон, Цирих, Франкфурт и Виена, и дека овие летови ќе бидат редовни. -Сè е подготвено, од следната недела нашите авиони ќе продолжат со редовен патнички сообраќај кон Лондон, Виена, Цирих и Франкфурт, изјави Никола Вукомановиќ од Ер …

Ер Србија на 21 мај почнува со летови за четири европски дестинации, од 7 јуни и за Скопје Read More »

ЕУ е против „трка“ со САД за вакцината за Ковид-19


По повод најавата на САД дека се „први во редот“ за добивање на вакцината против Ковид-19, која ја развива француската компанија „Санофи“, европски дипломати од Брисел порачаа дека тоа не е „трка“ и ја повикаа администрацијата во Вашингтон да се приклучи кон глобалните напори за истражување, производство и дистрибуција на идната вакцина. По најавата на …

ЕУ е против „трка“ со САД за вакцината за Ковид-19 Read More »

УНХЦР бара продолжена поддршка за заштита на присилно раселените лица во светот од корона вирусот


Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР, бара 745 милиони американски долари додека забрзано се подготвува за да го спречи избивањето на КОВИД-19 помеѓу бегалците и останатите раселени лица ширум светот. Толкав е делот на УНХЦР во ревидираниот Глобален план на ОН за хуманитарен одговор кој побара 6,7 милијарди американски долари минатиот четврток. Како што …

УНХЦР бара продолжена поддршка за заштита на присилно раселените лица во светот од корона вирусот Read More »

Хуманитарна помош за 120 семејства во социјален ризик во Општина Пустец


Во Општина Пустец, Мала Преспа, се распределува хуманитарна помош за семејства во социјален ризик, донација на „Биг маркет“ од Тирана. -Помошта се состои во прехранбени артикли и средства за хигиена. Голема благодарност до „Биг маркет“ за помошта со која ќе бидат опфатени 120 семејства кои се во најнеповолна социоекономска состојба. Донацијата е навистина е добредојдена …

Хуманитарна помош за 120 семејства во социјален ризик во Општина Пустец Read More »

Oпштина Центар субвенционира велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети


  Општина Центар од денеска ја спроведува акцијата „Цел Центар на точак”, со која ќе се субвенционира 30 отсто од цената за купување нов велосипед, е-велосипед и е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари. Како што стои во соопштението од Општината, секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет започнувајќи од …

Oпштина Центар субвенционира велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети Read More »

Словенија ќе прогласи крај на епидемијата на корона вирусот


Словенечкиот премиер Јанез Јанша од Собранието порача дека земјата најверојатно на 31 мај ќе прогласи крај на епидемијата поради корона вирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Според Јанша ова нема да се случи единствено ако има неочекувано влошување на ситуацијата, односно ако се појават голем број новозаразени. – Словенија за точно два месеци успеа …

Словенија ќе прогласи крај на епидемијата на корона вирусот Read More »