Во Србија нови 79 заболени, двајца починати


Според најновите податоци, битката со Ковид-19 ја изгубија уште двајца пациенти во Србија.
Од 6.194 тестирани заразени се 79 лица, објавено е на covid19.rs.
Вкупниот број позитивни на корона вирус во Србија е 10.374, а починати се 224. Процентот на смртност е 2,15 отсто.
Во болница се 949 пациенти, од кои 20 на респиратор.
До сега се излечени 4.084 пациенти. Вкупно се тестирани 162.797 луѓе.