Во Франција 3.325 нови случаи – бројот поголем заради нов начин на броење
Во франција денеска бројот потврдени случаи од корона вирус скокна за 3.325, на 149.071, соопшти Министерството за здравство. Сепак, напоменуваат дека не дошло до драстичен пораст на новозаразени, туку брјките се резултат на нов систем на следење. „Зголемувањето во споредба со вчера е заради поефикасно следење, а не епидемиолошка ситуација во Франција“, се наведува во …
Во Франција 3.325 нови случаи – бројот поголем заради нов начин на броење Read More »
Жителите на Унгарија, Бугарија, Италија, Грција и Шпанија со најмногу финансиски проблеми за време на пандемијата
Дури 58 проценти од анкетираните граѓани од Европската унија велат дека имале финансиски потешкотии за време на епидемијата со Ковид-19. Жителите на Унгарија, Бугарија, Италија, Грција и Шпанија најмногу пријавиле финансиски проблеми, додека Данците, Холанѓаните, Швеѓаните, Финците и Австријците доживеале најмалку проблеми за време на пандемијата, според истражување на Европскиот парламент. Анкетата на Европскиот парламент …
Министерот за спорт на Италија дозволи, Серија А продолжува на 20 јуни, купот на 13 јуни
Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, официјално го објави продолжувањето на првенството и Купот на земјата. Натпреварите во Серија А ќе продолжат на 20 јуни, Купот на Италија на 13 јуни. Реванш полуфиналните средби на Купот на Италија ќе се играат на 13 јуни. Двојките за купот се: Наполи – Интер (1:0 – прв натпревар) …
Министерот за спорт на Италија дозволи, Серија А продолжува на 20 јуни, купот на 13 јуни Read More »
Франција наскоро целосно ќе излезе од мерките на изолација
Франција од 2 јуни ќе излезе од строгата изолација, која започна на 17 март, јави дописникот на МИА. Сите училишта и гимназии во зелените зони ќе бидат отворени за учениците, но полагањето на матурата по француски јазик е откажана, како и усниот испит, таа ќе биде валидирана преку постојаната контрола во текот на минатата школската …
Франција наскоро целосно ќе излезе од мерките на изолација Read More »
Бектеши: Ќе побараме да се преиспита протоколот во делот за седење на гостите во угостителските објекти
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека согласно Законот за угостителска дејност нема одредба според која сопствениците, менаџерите и вработените во угостителските објекти имаат надлежност да ги легитимираат гостите. Министерството за економија ќе упати писмо до Комисијата за заразни болести за да се преиспита делот во протоколот за работа на угостителските објекти каде е пропишано …
Европскиот суд за човекови права пресуди по седми пат во полза на Македонците во Бугарија
Во пресудата донесена од Европскиот суд за човекови права, за која судот расправаше денеска, ја осуди Бугарија поради повреда на правото за здружување по членот 11 од Европската конвенција за човекови права, во предметот „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија и Радонов против Бугарија, јави дописникот на МИА. Пресудата е донесена по жалбата поднесена …
Како функционираат и колку се значајни тестовите на антитела?
Во Русија и во Италија, но и во други земји здравствените власти имаат намера со масовни тестирања на антитела да го утврдат вистинскиот број луѓе кои биле заразени со корона вирус. Како функционираат тие тестови и колку се значајни? Покрај тоа што во Русија со недели владеат строги мерки заради корона вирусот, бројот на нови …
Како функционираат и колку се значајни тестовите на антитела? Read More »
Грчката Влада со 115 милиони евра ќе ги поддржи авиопревозниците
Со специјална рамка во висина од околу 115 милиони евра, која содржи пет конкретни мерки, грчката Влада ќе ги поддржи авиопревозниците кои бележат загуби поради пандемијата на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Министерствата за финансии, труд и социјални работи и инфраструктура и транспорт на Грција, преку заедничко соопштение велат дека конкретниот сектор, што …
Грчката Влада со 115 милиони евра ќе ги поддржи авиопревозниците Read More »
СЗО: Владите во Европа не треба да ги намалуваат трошоците за здравство
Економска криза во Европа – последица од пандемијата на новиот коронавирус – не треба да ги присилува владите да ги намалат јавните трошоци за здравството, предупреди денеска европскиот огранок на Светската здравствена организација. – Загрижени сме дека земјите можат да одговорат на кризата на ист начин како што направија пред десет години – со намалување …
СЗО: Владите во Европа не треба да ги намалуваат трошоците за здравство Read More »
Кривичен суд Скопје донесе пресуди за 723 лица за непочитување на полицискиот час
Основниот кривичен суд – Скопје , по однос на казнените налози издавани од скопското Обвинителство за непочитување на полицискиот час (кој траеше до 26 мај како превентивна мерка за заштита од КОВИД-19) досега имаа донесени пресуди за 723 лица, информираат за МИА од ОКС-Скопје. Основното јавно обвинителство – Скопје, до нив доставило 621 казнени налог, …
Кривичен суд Скопје донесе пресуди за 723 лица за непочитување на полицискиот час Read More »
Во Србија нови 25 заразени, еден почина
Во последните 24 часа почина едно лице во Србија, а потврдени се и 25 новозараени од корона вирус. Тестирани се 4.534 лица, а вкупно од почетокот на пандемијата 234.019. До сега регистрирани се 241 починати лица од Ковид-19, излечени се 6.438, а вкупно заразени 11.300.
Штип: Два од четирите новозаболени се од истата текстилна фабрика
Општина Штип оствари комуникација со Министерството за здравство, со неколку сопственици на текстилни фабрики, со здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Клиничка Болница Штип и Центар за јавно здравје и капацитетите се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните. Според денешните податоци од Центар за јавно здравје на територија на Општина Штип има …
Штип: Два од четирите новозаболени се од истата текстилна фабрика Read More »
Полска помош за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, во улога на национален координатор на странска помош, а во присуство на полскиот амбасадор Војчех Тицињски, денеска ја прими донацијата која Полска ја обезбеди за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19. -Сакам да се заблагодарам во име на Владата до амбасадорот кој лично се заложи со …
Полска помош за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19 Read More »
Ги вратија рестриктивните мерки откако се појави жариште на зараза
Денеска повторно се активирани низа рестриктивни мерки за борба против корона вирсуот во Јужна Кореа откако се појави жариште на зараза, што предизвика страв од нов бран епидемија. Во земјата денеска е регистриран најголем пораст на новозаразени од корона вирус по речиси два месеци, со жариште во еден магацин на компанија за интернет-продажба во близина …
Ги вратија рестриктивните мерки откако се појави жариште на зараза Read More »
Шекеринска: Избори час поскоро, ни треба држава со полн капацитет
Час поскоро и пред почетокот на летните месеци да ги организираме изборите кои треба да овозможат функционирање на државата и институциите со целосен капацитет, порача денеска министерката за одбрана и потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска. – Мојот став е дека избори треба да организираме час поскоро затоа што ни треба држава и институции со полн …
Шекеринска: Избори час поскоро, ни треба држава со полн капацитет Read More »
Од 24 случаи во Скопје, седум се од Сарај
Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за МИА од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје 24-те заболени во Скопје се од Бутел-4, Сарај-7, Чаир-3, Аеродром-3, Студеничани-2, Гази Баба-1, Шуто Оризари-2, Кисела Вода-1 и Карпош-1.
Нинџа: Ми се заканија лица кои беа во придружба на ќерката на Чавков
Александар Василевски – Нинџа, утрово пред почетокот на јавната седница во Апелацискиот суд за случајот „27 април“, им кажа на судиите дека лица кои биле пред судската зграда во придружба на ќерката на Митко Чавков, му се заканувале, објави „360 степени“. „Сакам да ве известам дека утрово додека ме спроведуваа од притвор при влез во …
Нинџа: Ми се заканија лица кои беа во придружба на ќерката на Чавков Read More »
Џонсон во јуни во Брисел ќе ги продолжи преговорите за Брегзит
Британскиот премиер Борис Џонсон следниот месец ќе отпатува за Брисел, каде ќе ги продолжи преговорите за Брегзит, објави лондонскиот весник Тајмс. Британскиот преговарач за односите со ЕУ, Дејвид Фрост изјави дека Џонсон ќе се сретне со претседателите на Европска комисија и со Советот на ЕУ, со цел официјално да се процени сосотојбата во која се …
Џонсон во јуни во Брисел ќе ги продолжи преговорите за Брегзит Read More »
Полска испрати средства за дезинфекција и маски за Македонија
Денеска во Македонија ќе пристигне помошта од Полска која се состои од средства за дезинфекција и маски а е наменета за шест држави од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор на странска помош …
Полска испрати средства за дезинфекција и маски за Македонија Read More »