Во Франција 3.325 нови случаи – бројот поголем заради нов начин на броење


Во франција денеска бројот потврдени случаи од корона вирус скокна за 3.325, на 149.071, соопшти Министерството за здравство.

Сепак, напоменуваат дека не дошло до драстичен пораст на новозаразени, туку брјките се резултат на нов систем на следење.

„Зголемувањето во споредба со вчера е заради поефикасно следење, а не епидемиолошка ситуација во Франција“, се наведува во соопштеието пренесе Ројтерс.

Вкупно до сега во Франција починаа 28.662 луѓе.