Министерот за спорт на Италија дозволи, Серија А продолжува на 20 јуни, купот на 13 јуни


Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, официјално го објави продолжувањето на првенството и Купот на земјата.

Натпреварите во Серија А ќе продолжат на 20 јуни, Купот на Италија на 13 јуни.
Реванш полуфиналните средби на Купот на Италија ќе се играат на 13 јуни. Двојките за купот се: Наполи – Интер (1:0 – прв натпревар) и Јувентус – Милан (1:1 – прва средба).

– Италија е на нозе и со право. Фудбал треба да го стори истото. Се договоривме со медицинскиот протокол, кој потврди за апсолутната потреба за карантин ако играчот покажува позитивен резултат за коронавирус, изјави Спадафора.

Италијанското првенство беше суспендирано поради пандемијата на коронавирус на 9 март. Остануваат 12 кола во сезоната.