Како функционираат и колку се значајни тестовите на антитела?


Во Русија и во Италија, но и во други земји здравствените власти имаат намера со масовни тестирања на антитела да го утврдат вистинскиот број луѓе кои биле заразени со корона вирус. Како функционираат тие тестови и колку се значајни?

Покрај тоа што во Русија со недели владеат строги мерки заради корона вирусот, бројот на нови случаи повторно расте.

Само минатата сабота властите пријавија повеќе од 9.400 нови инфекции. Сега со масовно тестирање на антитела во таа земја треба да се створи подобар преглед за текот на пандемијата.

Италија, исто така, се потпира на опсежни тестови за да го утврди вистинскиот број заразени.

Со таканаречените тестови (ЕЛИСА) може да се открие кој веќе имал инфекција со патогенот САРС-Ков-2: количината крв која се тестира во лабораторија и покажува дали постојат специфичните антитела, имуноглобулини ИгМ и ИгГ, кој имун систем створил антитела против вирусот. Ако ги има, примерокот ја менува бојата.

Да се открие кој е веќе имун

Масовното тестирање на антитела треба да покаже кој веќе развил имунитет на Ковид-19. Така би можеле да да се идентификуваат заразените кои покажале малку или воопшто немеле симптоми и кои не знаат дека веќе се имуни.

На пример, оние кои веќе се имуни може да бидат погодни како дарители на крвна плазма за пациентите кои се лекуваат од Ковид-19 и така се подга нивниот имунитет.

Освен тоа, луѓето со докажан имунитет за Ковид-19 имаат поголема веројатност да бидат негоуватели за заболени од Ковид-19, затоа што се смета дека кај нив е помал ризикот за повторно заболување.

Несигурности

Многу тестови на антитела имаат специфичност односно прецизност од околу 99 отсто. Тоа можеби звучи многу, но во овој случај е проблематично. Затоа што 99 отстотна специфичност значи дека еден процент позитивно тестиани луѓе можеби не се заразени од вирусот, туку со некој друг корона вирус. Германскиот вирусолог Кристијан Дростен, објаснувајчи го тој проблем за јавниот сервис Ен-де-ер, го користеше изразот „вкрстена реакција“.

Таа прецизност на тестот има поголемо влијание во оние земји во кои бројот на случаи со Ковид-19 е многу мал во однос на бројот на жители, отколку во земјите во кој поголем процент од населението веќе ја преболеле болеста.

Математички модели

Се претпоставува дека таков тест користи во земји во кои 50 отсто од населението веќе е заразени: од 50 луше чиј тест бил позитивен, само еден би бил погрешно дијагностициран. Но, ако само еден од илјада луѓе е навистина заразен, од десет позитивно тестирани девет би биле погрешно дијагностицирани. Во меѓувреме, некои од производителите рекламираат тестови за антитела со специфичност од релиси 100 отсто.

Според американкиот Универзитет „Џон Хопкинс“, Русија на 26 мај 2020 година имала нешто повече од 350.000 докажано инфицирани. Со популација од околу 150 милиони луѓе лошата прецизност на тестовите има и тоа како големо значење.

Сепак, може да биде разумно да се тестираат што е можно повеќе луѓе за да се дознае навистина колку луѓе се заразени – затоа што и тоа може да помогне да се процени процесот на акција во земјата.