Осум нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско


Со последните 24 тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, откриени се осум нови случаи. Од новоокриените два се во Гостивар, а шест во општина Врапчиште. Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, два се регистрирани во селото Добри Дол, четири во Неготино Полошко, а …

Осум нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско Read More »

Ердоган ја послуша јавноста, ја укина забраната за движење за викендот


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека одлучил да ја укине забраната за движење која беше донесена доцна синоќа за претстојниот викенд. Тој рече дека донел одлука поради противењето на народот, но предупреди на растот на дневниот број новозаразени од корона вирус. Министерството за внатрешни работи синоќа објави наредба граѓаните од 15 градови да …

Ердоган ја послуша јавноста, ја укина забраната за движење за викендот Read More »

Италија ни после 15 јуни нема да ги отвори границите за земјите надвор од ЕУ


Ниту после 15 јуни Италија нема да дозволи странците од земјите што не се членки на ЕУ да влезат во земјата, најави денеска шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо. -Наша обврска е да ги заштитиме животите и здравјето на нашиот народ, рече Ди Мајо во интервју за телевизијата „Рете4“. Тој посочи дека, истовремено, Италија …

Италија ни после 15 јуни нема да ги отвори границите за земјите надвор од ЕУ Read More »

Избоден маж во Гостивар


На улицата „Илинденска“ во Гостивар, вчера во 10.40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(34) од село Чегране, гостиварско, поради тоа што по вербална расправија со остар предмет му нанел неколку убодни рани на Б.А.(37) од истото село. Б.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде му била укажана лекарска …

Избоден маж во Гостивар Read More »

Со автомобил удрил во малолетник на велосипед


Малолетен велосипедист е повреден откако во него удрил автомобил. Според МВР, вчера во 16.30 часот на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(28) од Скопје, удрило во велосипед управуван 17-годишен малолетник од Скопје. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум …

Со автомобил удрил во малолетник на велосипед Read More »

Судот ѝ пресуди на шпанската влада: Здравствените работници се во право


Суд во покраината Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната влада затоа што на лекарите не им обезбедила заштитни материјали за лекување на заболените од корона вирусот. Како што јавуваат шпанските медиуми, тоа е прва ваква пресуда во Шпанија, една од земјите најпогодена од епидемијата. Во Шпанија во последните три месеци повеќе од 50.000 …

Судот ѝ пресуди на шпанската влада: Здравствените работници се во право Read More »

Медицинското списание „Лансет“ го повлече истражувањето за хлорокинот


Едно од највлијателните и најпрестижни медицински списанија „Лансет“ го повлече истражувањето за лекот хидроксихлорокин, што беше објавен на 22 мај. “Тројцата автори вчера ја повлекоа својата студија. Тие не се во можност да направат независна ревизија на податоците врз кои се темели нивната анализа. Како резултат на тоа, тие заклучија дека веќе не можат да …

Медицинското списание „Лансет“ го повлече истражувањето за хлорокинот Read More »

„Дејли мејл“: Со грабнувачот на малата Медлин Мекејн била и девојка од Косово


Полицијата бара девојка од Косово, за која постои сомнение дека била со киднаперот на тригодишното британско девојче Медлин Мекејн, која во 2007 година исчезна во Португалија, јавува весникот „Дејли мејл“. Весникот наведува дека се верува дека девојката била во куќата со киднаперот во градот Пра де Луз во Португалија, кога Медлин Мекејн, која во тоа …

„Дејли мејл“: Со грабнувачот на малата Медлин Мекејн била и девојка од Косово Read More »

Босанец рани тројца полицајци во Њујорк: Поврзан ли е со тероризам?


  Џенан Цамовиќ, Босанец кој живее во Америка, осомничен е дека ранил тројца полицајци во Њујорк, ФБИ сега истражува дали се работи за тероризам. Цамовиќ (20) едниот полицаец, кој бил пратен да спречи грабеж во текот на протестите поради убиството на Џорџ Флојд, го избодел со нож, а потоа ранил двајца со пиштол, велат од …

Босанец рани тројца полицајци во Њујорк: Поврзан ли е со тероризам? Read More »

Иноваторот Ангелков: Работиме на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови


Работиме на изработка на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови. Ќе може да ги користат сите оние кои имаат какви било проблеми со дишењето. Вака рече за МИА кавадаречкиот иноватор Димитрија Ангелков, за проектот на компанијата во која е управител, а создавањето на машините одлучи да го …

Иноваторот Ангелков: Работиме на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови Read More »

Златен ковчег за Џорџ Флојд – градоначалникот клекна и плачеше


  Илјадници луѓе ноќеска присуствуваа на комеморацијата на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој минатиот понеделник беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Познати личности, активисти за граѓански права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството на убиениот Флојд беа меѓу собраните на комеморацијата во капелата на Универзитетот. Тие му оддадоа почит на Флојд стоејќи во …

Златен ковчег за Џорџ Флојд – градоначалникот клекна и плачеше Read More »

Хоти: Главен преговарач со Србија ќе бидам јас, согласно Уставот на Косово


Новиот премиер на Косово Авдулах Хоти вели дека тој ќе го води дијалгот за нормализирање на односите со Србија, затоа што тоа е негово право и обврска согласно Уставот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за косовската јавна телевизија РТК, Хоти се повика на одлука на Уставниот суд на Косово од …

Хоти: Главен преговарач со Србија ќе бидам јас, согласно Уставот на Косово Read More »

Од утринава се отвораат границите меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка


Од денеска се уникуваат ограничувањата за патувања меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка, соопшти синоќа унгарскиот шеф на дипломатијата, Питер Сијарто. Во видео обраќање на Фејсбук тој кажа дека шефовите на дипломатиите на другите три земји во телефонски разговор се согласиле границите да се отворат утринава во 8 часот, пренесе агенцијата МТИ. „На граѓаните ќе …

Од утринава се отвораат границите меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка Read More »

Мексико: 1.000 смртни случаи за 24 часа не се причина за вознемирување


  Претседателот на Мексико се обидува да го отстрани стравот кај граѓаните од епидемијата од корона вирус наведувајќи дека 1.000 смртни случаи во еден ден „не се причина за вознемирување“. Во средата вечерта министерот за здравство Уго Лопес-Гатал рече дека во Мексико за 24 часа регистрирани се 1.092 смртни случаи, двојно повеќе од претходниот ден …

Мексико: 1.000 смртни случаи за 24 часа не се причина за вознемирување Read More »

Научници: Лекот ибупрофен може да помогне во лечењето на корона вирусот


Научници: Лекот ибупрофен може да помогне во лечењето на корона вирусот Научниците направија испитување за да утврдат дали може лекот ибупрофен да помогне кај болните од корона вирус кои се во болница. За разлика од поранешните верувања, тие сметаат дека овој лек може да биде од голема помош. Тим од една лондонска болница и Кингс …

Научници: Лекот ибупрофен може да помогне во лечењето на корона вирусот Read More »

Почна 80-часовниот карантин за најризичните и дневните рестрикции за останатите општини


Почна полицискиот час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Забраната за движење на граѓаните во овие општини ќе трае 80 часа, односно до понеделник до 5 часот. Во сите останати …

Почна 80-часовниот карантин за најризичните и дневните рестрикции за останатите општини Read More »

Италија: Во повеќето региони нула или помалку од 5 нови случаи на корона


Повеќето региони во Италија во последните 24 часа забележаа или нула или помалку од пет нови случаи на корона вирус. Бројот на новозаразени во целата земја порасна за 177. Двоцифрен број новозаболени забележан е само во пет региони, најмногу во Ломбардија во која се појавија 84 нови случаи, што сепак е помалку од вчера, пренесе …

Италија: Во повеќето региони нула или помалку од 5 нови случаи на корона Read More »

Петровска: Задоцнетата превенција и неказнувањето не доведе до оваа ситуација


Испраќањето на пораката – „нема да казнуваме“, широко ја отвори вратата за оние што не го почитуваат законот. Се почувствуваа заштитени од полицијата која треба да го чува редот во државата, рече вечерва дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска. Петровска во вечерашното гостување на „Вин – вин“ потенцира дека таа и министерот Наќе Чулев …

Петровска: Задоцнетата превенција и неказнувањето не доведе до оваа ситуација Read More »

Путин прогласи вонредна состојба по излевањето нафта во река во Сибир


Рускиот претседател Владимир Путин прогласи вонредна состојба откако 20.000 тони нафта се излеаја во река во Арктичкиот круг. Резервоар за гориво во електрана во близина на сибирскиот град Норилск се распадна минатиот петок, по што повеќе од 20.000 тони нафта се и излеаја во реката, јавува Би Би Си. Путин бил бесен откако разбрал дека …

Путин прогласи вонредна состојба по излевањето нафта во река во Сибир Read More »

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите


Министерот за здравство Венко Филипче го повика епископот на Повардарската епархија, Агатангел, да го повлече повикот до верниците да ги посетат храмовите бидејќи гробиштата за Духовден ќе бидат затворени. -Јас го повикувам епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите. Ова е многу осетлив период во овој момент на епидемиолошката крива и тој повик …

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите Read More »