Возбудени и среќни, учениците влегоа на првиот час годинава


Учениците од прво до трето одделение денеска го имаат првиот училишен ден, еден месец подоцна од вообичаено, поради пандеијата од корона вирус. Видно возбудени, учениците облечени во униформи, но со маски на лицето,  заедно со родителите доаѓаа во училишниот двор на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во скопско Ново Лисиче, застануваа на обележаните места и чекаа …

Возбудени и среќни, учениците влегоа на првиот час годинава Read More »

(Фото) Сообраќајка кај ЕУ Инфо Центар, блокиран сообраќајот


Утрово, на крстосницата пред ЕУ Инфо центар, се случи сообраќајна несреќа, во која возило удрило во жардиниерата. Полицијата е присутна на местото на настанот. Со пајак-служба се отстранува автомобилот, кој блокира две коловозни ленти. Сѐ уште не се знае дали има жртви или повредени. Надлежните служби се обидуваат да го оспособат булеварот за непречено одвивање …

(Фото) Сообраќајка кај ЕУ Инфо Центар, блокиран сообраќајот Read More »

Заев: Ние сме НАТО, одиме кон ЕУ


На овој ден пред две години 609.813 македонски граѓани го заокружија изборот „ЗА“ на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, објави премиерот Заев на Фејсбук. – Патот кој води до сигурна евроатлантска иднина доби повеќе гласови од победниците на сите парламентарни …

Заев: Ние сме НАТО, одиме кон ЕУ Read More »

Филипче: Се чекаат Бугарија и Србија за одлука за границите


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден министрите за здравство на Албанија, Црна Гора и на Косово дале согласност дека може да се отворат границите. – Ја чекаме реакцијата на министерствата за здравство на Србија и на Бугарија по што ќе донесеме одлука верувам на следниот состанок на Комисијата …

Филипче: Се чекаат Бугарија и Србија за одлука за границите Read More »

Меркел во Бундестагот укажа на долготрајните тензии и опасноста од конфликт меѓу Турција и Грција


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска укажа на фактот дека долгогодишните тензии меѓу Турција и Грција, можат двете земји да ги доведат на работ на конфликт, и тоа на само два месеци откако веќе интервенираше во спречувањето на воената конфронтација меѓу двата соседа во Егејско море. -Во некои ситуации е многу тешко да се замисли колку …

Меркел во Бундестагот укажа на долготрајните тензии и опасноста од конфликт меѓу Турција и Грција Read More »

Хаварисаните возила нема да се складираат во Драчево


Советот на Град Скопје донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавните површини на територијата на главниот град. Градоначалникот Петре Шилегов имаше во план во населбата Драчево да направи депонија за метал, отпад на Град Скопје, сепак оваа одлука не беше поддржана на седницата на Советот на Град Скопје. Сите хаварасина …

Хаварисаните возила нема да се складираат во Драчево Read More »

Царовска: Бојкотот на наставата нема да помогне, треба здравјето да го заштитиме


Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на прес-конференција истакна дека од суштинско значење за образовниот е да не дозволиме да го загрозиме јавното здравје што дополнително може да ја отежне учебната година.  „Деновиве има родители и родителски совети кои најавуваат бојкот на онлајн наставата и бараат настава со физичко присуство. Јас ги разбирам, …

Царовска: Бојкотот на наставата нема да помогне, треба здравјето да го заштитиме Read More »

Балканот никако да се избори со корона вирусот, сите земји со висок број новозаразени


Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина денеска пријавија повеќе од 200 нови случаи со корона вирус, а Србија и Косово немаат ни по сто. Имено, во Косово денеска се регистрирани 46 нови случаи, без смртни случаи. Тестирани биле 580 лица, а оздравеке 62 пациенти. Во моментот активни се 1.441 случаи. Србија регистрира 72 новозаразени, а …

Балканот никако да се избори со корона вирусот, сите земји со висок број новозаразени Read More »

Новороденче на ГАК го добило вирусот од мајката


На Клиниката на гинекологија се појави прв случај каде се родило новороденче позитивно на коронавирусот, пренесува Телма. Бебето и мајката се со добра клиничка слика, немаат симптоми на Ковид-19 и денес ќе бидат испишани од Клиниката по што ќе останат во домашна изолација. Кај бебето сите три теста биле позитивни, додека кај мајката првиот тест …

Новороденче на ГАК го добило вирусот од мајката Read More »

Близу 200 новозаразени во Македонија, двајца починаа


Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Kовид-19 во: -Скопје 77 -Куманово 9 -Дебар 3 -Штип 5 -Прилеп 11 -Тетово 16 -Струга 3 -Велес 5 -Битола 6 -Охрид 2 -Кавадарци 3 -Гостивар 5 -Гевгелија 1 -Струмица 9 -Крива Паланка 3 -Радовиш 6 -Кочани 10 -Пробиштип 3 -Берово …

Близу 200 новозаразени во Македонија, двајца починаа Read More »

Народен правобранител: Во училиште или од дома, образованието мора да му биде достапно на секое дете


Во училиште или од дома, образованието мора да му биде достапно на секое дете. Со оглед на фактот што оваа учебна година наставата првпат ќе се одвива на нов начин – со физичко присуство, а за најголем дел од учениците преку учење од далечина, народниот правобранител укажува сите чинители, секој од свој аспект, да ги …

Народен правобранител: Во училиште или од дома, образованието мора да му биде достапно на секое дете Read More »

Раскопан центарот на Скопје, се реконструира булеварот „11 Октомври“


Улицата „11-ти Октомври“ на потегот од крстосница со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосница со улицата  „Стив Наумов“ за 30 дена ќе биде реконструирана и ќе биде обновено булеварското зеленило. – Денеска ја започнавме реконструкцијата на улицата, ќе работиме најинтензивно и јас очекувам овој потег што го работиме денеска до сабота да биде готов, во недела …

Раскопан центарот на Скопје, се реконструира булеварот „11 Октомври“ Read More »

Седницата на чиј дневен ред беа одлуките за вонредна состојба дополнително ќе биде закажано


Собранието денеска ја почна седницата на чиј дневен ред беа ставени петте одлуки за прогласување вонредна состојба поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19, но расправата по нив не почна бидејќи седницата беше прекината по усвојувањето на две одлуки за формирање и изменување на состав на собраниски работни тела. По усвојувањето на дневниот ред, пратениците ги усвоија …

Седницата на чиј дневен ред беа одлуките за вонредна состојба дополнително ќе биде закажано Read More »

Италија: Повторно расте бројот на новозаразени и хоспитализирани пациенти


Во Италија расте бројот на заразени и хоспитализирани пациенти заболени од корон авирус, соопшти во дневниот билтен Министерството за здравство. Во последните 24 часа се регистрирани 1.648 нови случаи, на вкупно тестирани 90.000 луѓе. Расте и бројот на хоспитализирани и пациенти на интензивна нега, а бројот на починати пораснал за 24. Вкупно во Италија се …

Италија: Повторно расте бројот на новозаразени и хоспитализирани пациенти Read More »

Азербејџан и Ерменија отфрлаат мировни преговори


Лидерите на Азербејџан и Ерменија го отфрлија предлогот за мировни разговори, обвинувајќи се меѓусебно за попречување на преговорите на територијата на Нагорно Карабах. Судирите во регионот ескалираа во неделата, откако десетици луѓе беа убиени и повредени. Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, зборувајќи за руската државна телевизија, категорично исклучи каква било можност за разговори. Ерменскиот премиер …

Азербејџан и Ерменија отфрлаат мировни преговори Read More »

Уште непочната учебната година ќе се бојкотира


Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари на средба со новинарите истакна дека ја информирал министерката за образование и наука Мила Царовска за можниот бојкотот на наставата во многу училишта во општината особено во руралните дел и дека ќе се солидаризира со советите на родителите доколку дојде до тоа. – Родителите имаат право да реагираат. Преку …

Уште непочната учебната година ќе се бојкотира Read More »

Потврдени 1.405 случаи на Ковид-19 кај странци во Грција од почетокот на сезоната


Албанските државјани и понатаму се први на листата странски посетители во Грција со најголем број потврдени случаи на Ковид-19 во периодот од 1 јули до 27 септември, според официјалните податоци од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Во конкретниот временски период Грција ја посетиле 4.327.654 лица, а биле направени 569.212 …

Потврдени 1.405 случаи на Ковид-19 кај странци во Грција од почетокот на сезоната Read More »

Онлајн наставата мора со видео, но не смее да се снима


Голем дел од наставниците жестоко реагираа по обуките за онлајн предавањата на Националната платформа, тврдејќи дека едукаторите им дале јасно на знаење дека е незаконски да бараат од учениците до 16-годишна возраст да имаат вклучено камера. Велат дека им било укажано дека само децата имаат право да ја гледаат наставничката, но не и таа нив, …

Онлајн наставата мора со видео, но не смее да се снима Read More »

Русија нема да интервенира во Нагорно Карабах


Ерменскиот премиер Никол Пашинјан и рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараа за ситуацијата во Нагорно Карабах, но не се зборувало за можноста Русија воено да интервенира во тековниот вооружен конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан. – Претседателот Путин и јас не разговаравме за можна руска воена интервенција во Нагорно Карабах. Покрај тоа, во моментов не треба …

Русија нема да интервенира во Нагорно Карабах Read More »

По речиси 500 денови, Белгија доби влада


Седум партии, речиси 500 денови по парламентарните избори, утрово се согласија за формирање на владата на Белегија, која ќе се фокусира на справување со пандемијата на корона вирусот и економските последици. На последните преговори меѓу либералите, социјалистите, зелените и демохристијаните од седум партии, кои траеја скоро 24 часа, беше договорен заеднички буџет, но прашањето кој …

По речиси 500 денови, Белгија доби влада Read More »