Уште непочната учебната година ќе се бојкотира


Илустрација

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари на средба со новинарите истакна дека ја информирал министерката за образование и наука Мила Царовска за можниот бојкотот на наставата во многу училишта во општината особено во руралните дел и дека ќе се солидаризира со советите на родителите доколку дојде до тоа.

– Родителите имаат право да реагираат. Преку писмо ја известив министерката дека можно да имаме бојкот од страна на учениците и советот на родители на некои училишта. Ние како општина ги информиравме претставниците на Министерството за сите услови што ги исполнуваат нашите училишта особено во руралниот дел, кои ги спровеле сите мерки според протоколите што произлегуваат од релевантните здраствени институции. Во училиштата во руралниот дел на општината каде немаме интернет со поголем капацитет бројот на ученици е релативно мал, а згора на тоа ги презедовме сите заштитни мерки според протоколот. Треба да се земе уште писмена изјава од секој родител поединечно дека се сложува со ова и дека сите ќе работат во согласност со здравствените протоколи. Не треба да се занемари ниту еден аспект кога е во прашање здравјето на сите чинители во образовниот процес и овој факт не треба да се заборави, потенцираше Дехари.

Имано, Советите на родители во училиштата во Кичево се децидни да ја бојкотираат онлајн наставата.

Родителите се кренаа на нозе по одлуката на Министерството за образование и наука за онлајн настава за учениците од шесто до деветто одделение и средношколците. Тие настојуваат наставата да се одржува со физичко присуство. Од Советот на родители на Основното училиште „Реџе Рушит Зајази“ велат дека ќе ја бојкотираат онлајн наставата. Директорот на училиштето уверува дека 99 отсто веќе се подготвени за наставен процес со физичко присуство.

„На истиот состанок едногласно беше одлучено од страна на родителите да ја бојкотираат наставата и образовниот процес по секоја цена да се одржува со физичко. Нашето училиште во однос на подготовките за настава со физичко присуство, се потрудивме сето она што е побарано, и во однос на планот, и во однос на протоколот, и во однос на алгоритамот презентиран од МОН, да се подготвиме и 99 отсто сме подготвени за настава со физичко присуство“, посочи Насер Исмаили.

Ваква одлука донесе и училиштето во кичевското село Грешница. Претседателот на Советот на родители, Исмаил Рамадани, рече дека бараат по секоја цена настава со физичко присуство.

„Ние како Совет на родители одлучивме. По вчерашниот состанок кој траеше до 20 часот, донесовме одлука наставата да не се одржува во онлајн формат. Ќе ја бојкотираме. Бараме да продолжи редовната настава“, истакна Исмаил Рамадани вчера.

Првиот човек на МОН, Мила Царовска, вели дека бојкотот на настава нема да донесе ништо добро.

Повеќето Совети на родители во Општина Кичево најавија бојкот на наставата од далечина.