Италија: Повторно расте бројот на новозаразени и хоспитализирани пациенти

Во Италија расте бројот на заразени и хоспитализирани пациенти заболени од корон авирус, соопшти во дневниот билтен Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се регистрирани 1.648 нови случаи, на вкупно тестирани 90.000 луѓе. Расте и бројот на хоспитализирани и пациенти на интензивна нега, а бројот на починати пораснал за 24.

Вкупно во Италија се заразени 50.603 лица, од тоа во домашна изолација се 47.311 лица.

Ниту еден италијански регион не е без заразени од Ковид-19, а најмногу случаи на вирусот има во регионот Кампанија.