Балканот никако да се избори со корона вирусот, сите земји со висок број новозаразени


Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина денеска пријавија повеќе од 200 нови случаи со корона вирус, а Србија и Косово немаат ни по сто.

Имено, во Косово денеска се регистрирани 46 нови случаи, без смртни случаи. Тестирани биле 580 лица, а оздравеке 62 пациенти. Во моментот активни се 1.441 случаи.

Србија регистрира 72 новозаразени, а нема починати. Тестирани биле 6.561 примероци или вкупно досега 1.134.239. На респиратор се 21 пациент, а стапката на смртност е 2,23 отсто.

Од друга страна Босна и Херцеговина со недели пријавува повеќе од 200 новозаболени дневно, па така денеска има 242 евидентирани нови случаи. Во исто време починале и 13 пациенти.

Од нив во Федерацијата се 191 заразен и 11 починати. Тестирани биле 1.513 примероци, а активни се уште 3.272 случаи. Вкупниот број починати е 526.

Во Словенија забележан е нов рекорд со 203 позитивни на корона вирус, додека почина еден пациент.

Активни се 1.736, од кои 86 во болница, а на интензивна 16 пациенти.

Вкупно до денеска заразени се 5.690 лица, а починаа 150

Хрватска пак во последните 24 часа забележа 213 нови случаи, а починаа пет лица. Активни се 1.256. На болничко лечење се 288 пациенти од кои 23 на респиратор. Тестирани биле 6.592 примероци. Досега 16.593 заболеле од заразата, а починале 280, додека оздравеле 15.057 лица.

И Македонија денеска пријави нови 194 случаи со корона вирус, а двајца починаа.