До викендот суво време со магла по котлините
До викендот продолжува периодот на претежно стабилно и суво време со магла по котлините. Не се очекуваат поголеми промени на температурата. Веќе в петок и во сабота попладне синоптичарите најавуваат слаб локален дожд во западните делови. Утринските температури ќе бидат под и околу нулата, а дневните ќе достигнат и до 20 степени.