Гори нискостеблеста шума во липковско и кумановско


Екипите на кумановската подружница на „Македонски Шуми“, утрово со две екипи на вработени се обидуваат да го локализираат пожарот што избувна вчера попладне во липковско, кај селата Руница, Думановце, Белановце и Брест. Во пожарот зафатени се стрништа и нискостеблеста шума. -Теренот е тешко пристапен, се обидуваме да го локализираме пожарот. Известени се и надлежните служби, …

Гори нискостеблеста шума во липковско и кумановско Read More »

Ердоган најави можност Света Софија да се пренамени во џамија


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека постои можност поранешната црква „Света Софија“ во Истанбул, која моментално е музеј, да ја преименува во џамија по локалните избори закажани за 31 март. Ердоган во телевизиско интервју на прашање за музејот рече дека „Света Софија“ може да биде „преименувана во џамија“. Византиската црква „Света Софија“ е изградена …

Ердоган најави можност Света Софија да се пренамени во џамија Read More »

Пожар во џамија во Калифорнија, оставена порака за нападите на Нов Зеланд


Во џамија во јужна Калифорнија изби пожар, што брзо беше локализиран, а на паркингот е пронајдена порака поврзана со неодамнешниот терористички напад на Нов Зеланд, соопшти американската полиција. Во пожарот, за кој постои сомневање дека е подметнат, никој не е повреден, а припадниците на Исламскиот центар Ескондидо успеале да го изгаснат огнот пред да стигнат …

Пожар во џамија во Калифорнија, оставена порака за нападите на Нов Зеланд Read More »

Стигнаа руски војници, Гуаидо повикува на борба за слобода


Венецуелскиот опозициски водач Хуан Гуаидо, кого го поддржуваат САД и западните земји, го повика населението да се подготви за „Операција Слобода“. Тој повика на акција која ќе ја води за преземање на власта во Венецуела откако светските медиуми, за време на викендот, пренесоа дека на аеродромот во Каракас слетале два руски воени авиони. „Време е …

Стигнаа руски војници, Гуаидо повикува на борба за слобода Read More »

Еден пешак тешко повреден во една од 23 сообраќајки во Скопје


Во текот на изминатиот викенд во Скопје се санкционирани 159 возачи за брзо возење, 16 возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона …

Еден пешак тешко повреден во една од 23 сообраќајки во Скопје Read More »

Нов Зеланд: Молитви ширум земјата поради нападите во Крајстчерч


Во Крајстчрч и ширум Нов Зеланд денеска се слушнаа муслиманските повици за молитва, седум дена по трагедијата во двете џамии, при што загинаа 50 лица. Повеќе од 20.000 луѓе се собраа пред џамијата Ал Нур во Крајстчрч, каде што најголем број луѓе настрадаа во минатонеделниот напад. – Нов Зеланд тагува со вас. Ние сме едно, …

Нов Зеланд: Молитви ширум земјата поради нападите во Крајстчерч Read More »

Македонија со победа ги почна квалификациите за ЕП 2020


Македонија ја порази Летонија со 3:1 во натпревар од групата „Г“ за квалификациите за ЕП 2020. Средбата на Градскиот стадион во Скопје ќе се запамети по фактот дека тоа беше 100-тиот меч во националниот дрес на легендата Горан Пандев. „Жолто-црвените“ отворија во 11-тата минута по гол на Езѓан Алиоски по асистенција на Пандев. Во 29-тата …

Македонија со победа ги почна квалификациите за ЕП 2020 Read More »

При експлозијата во фабрика во источна Кина загинаа 47 лица


При вчерашната експлозија во хемиска фабрика во источниот дел на Кина  загинаа 47 лица, а 640 лица се хоспитализирани, од кои 90 лица се во тешка здраствена состојба. Локалните власти во Јангченг, во провинцијата Џангсу, соопштија дека се уште не е позната причината за експлозијата во фабриката „Тјанџаји хемикал продакшен“. – Експлозијата доведе до евакуација …

При експлозијата во фабрика во источна Кина загинаа 47 лица Read More »

Опожарен кајакарски клуб во Долна Матка


Во кајакарски клуб во Долна Матка синоќа избувнал пожар при што е причинета материјална штета од околу 180 илјади денари. Пожарот е пријавен во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во 19:05 часот, а е интервенирано до 20:45 часот. На терен биле испратени пет пожарникари со две возила.

Бројот на жртвите од циклонот во Јужна Африка надмина 550


Според најновите извештаи на ОН и на владите на африканските земји, циклонот „Идаи“ однесе преку 550 животи во Јужна Африка. Еден официјален претставник на ОН, повикувајќи се на владини извештаи, информира дека во циклонот животот го загубиле 242 лица во Мозамбик и 56 лица во Малави. Министерот за одбрана на Зимбабве потврди 259 смртни случаи …

Бројот на жртвите од циклонот во Јужна Африка надмина 550 Read More »

Пронајдена граната во дворот на британската амбасада во Белград


Денеска во дворот на амбасадата на Велика Британија во Белград работници пронашле граната, објави „Радио телевизија Србија“. На лице место биле упатени единици на српското Министертсво за внатрешни работи и по проверките било заклучено дека се работи за артилериски проектил кој не може да предизвика опасност, јавува репортерот на РТС. Проектилот бил однесен на друга …

Пронајдена граната во дворот на британската амбасада во Белград Read More »

Околу 50.000 Италијанци протестираа против мафијата


Околу 50.000 луѓе денеска протестираа против мафијата во Падова, на денот на сеќавање на жртвите на организираниот криминал во јужниот дел на Италија. Денот на сеќавање на невините жртви на мафијата се одбележува од 1996 година, а централното одбележување годинава се одржа во Падова. Мафијашките организации се еден од најголемите проблеми во животот во Италија. …

Околу 50.000 Италијанци протестираа против мафијата Read More »

По половина час Македонија води 2:0 со Летонија


Само 11 минути и беа доволни на фудбалската репрезентација Македонија да го отвори резултатот на првиот квалификациски меч за ЕП 2020 против Летонија. Капитенот Горан Пандев повлече контра и по лево му сервираше топка на Езџан Алиоски кој му ја протна топката на голманот. Македонија тргна офанзивно во мечот, па првата сериозна шанса, Алиоски успеа …

По половина час Македонија води 2:0 со Летонија Read More »

(Видео) Во Филаделфија запленети 538 килограми кокаин


Полицијата во американскиот пристанишен град Филаделфија откри 538 килограми кокаин сокриени во 13 патнички торби на еден брод, што претставува најголема заплена на оваа дрога во филаделфиското пристаниште во последниве две децении. Властите наведуваат дека цената на запленетата дрога на нарко пазарот изнесува околу 38 милиони долари. Бродот на кој е откриен кокаинот испловил од …

(Видео) Во Филаделфија запленети 538 килограми кокаин Read More »

Јужна Кореја: Четворица уапсени поради снимање гости во хотели


Четири лица се уапсени во Јужна Кореја поради тајно снимање на повеќе од 1.500 гости во 30 различни хотели, соопшти денеска полицијата. Видеата снимани во хотели во десет различни градови во земјата емитирани се во живо на пријатна интернет страница, каде членовите за пристап плаќаат месечна членарина, пренесе BBC. Камерите биле скриени во телевизори, штекери …

Јужна Кореја: Четворица уапсени поради снимање гости во хотели Read More »

Шилегов: Со проектот „Паметен град“ Скопје ќе стане модерна престолнина


Со реализација на проектот „Паметен град“ Скопје ќе стане модерна престолнина, каде што основен двигател се напредните информатички технологии. – Тоа подразбира систематски собирани, корисни информации, организирани во функционален систем којшто ќе го поедностави секојдневниот живот на скопјани – истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција „ Smart cities- Градови на иднината“, што …

Шилегов: Со проектот „Паметен град“ Скопје ќе стане модерна престолнина Read More »

Лозинки на корисници на Фејсбук биле видливи за вработените


Компанијата Фјесбук откри грешка во својата социјална мрежа која предизвика лозинките на стотици милиони корисници да бидат видливи на вработените во компанијата и соопшти дека проблемот сега е решен. При безбедносен преглед во јануари, Фејсбук утврдил дека лозинките се зачувани во читлив формат во однос на безбедносните процедури, но оти никогаш не биле видливи никому …

Лозинки на корисници на Фејсбук биле видливи за вработените Read More »

(Видео) Потона траект во Ирак, 40 мртви


Најмалку 40 луѓе загинаа, кога претоварен траект потона во реката Тигар во близина на ирачкиот град Мосул, јавија светските агенции. Ова го соопштија полициските и медицинските служби на Ирак, додека медиумите јавуваат дека бројката пораснала на 60 жртви. Повеќето жртви се жени и деца, рече шефот на управата на цивилната одбрана на Мосул, Хусам Калил, …

(Видео) Потона траект во Ирак, 40 мртви Read More »

Оставила корпа со бебе во такси


Непозната жена оставила корпа со бебе на таксист во Врњачка Бања, Србија, под изговор дека во корпата има мачка, пренесе RTS. Жената во таксито влегла со две деца и корпа. По возењето излегла од автомобилот и го замолила таксистот да ја причува мачката во корпата додека се врати. Бидејќи жената не се вратила, таксистот ја …

Оставила корпа со бебе во такси Read More »

Дал 1.000 евра да му купат лекови, останал и без пари и без лекови


Маж од Ропотово, пријавил дека штипјанец му зел 1.000 евра за да му купи лекови од Бугарија, но тој му ги зел парите, а лекови не му донесол. Во средата, во 18.40 часот во Полициската станица Штип, С.В.(49) од село Ропотово, општина Долнени,  пријавил дека бил измамен од лицето З.И.(57) од Штип. Според пријавеното, во …

Дал 1.000 евра да му купат лекови, останал и без пари и без лекови Read More »