(Видео) Во Филаделфија запленети 538 килограми кокаин


Полицијата во американскиот пристанишен град Филаделфија откри 538 килограми кокаин сокриени во 13 патнички торби на еден брод, што претставува најголема заплена на оваа дрога во филаделфиското пристаниште во последниве две децении.
Властите наведуваат дека цената на запленетата дрога на нарко пазарот изнесува околу 38 милиони долари.

Бродот на кој е откриен кокаинот испловил од Гватемала и пред да пристигне во Филаделфија, застанал на Бахамските Острови. Крајна цел на бродот била Холандија.