Стигнаа руски војници, Гуаидо повикува на борба за слобода


Венецуелскиот опозициски водач Хуан Гуаидо, кого го поддржуваат САД и западните земји, го повика населението да се подготви за „Операција Слобода“.
Тој повика на акција која ќе ја води за преземање на власта во Венецуела откако светските медиуми, за време на викендот, пренесоа дека на аеродромот во Каракас слетале два руски воени авиони.
„Време е за подготовка за „Операцијата Слобода“ и вршење максимален притисок (врз владата) за конечно да се стави крај на узурпацијата. Сите, апсолутно сите имаат улога во оваа фаза на нашата борба“, порача Гуаидо на Инстаграм, пренесе ТАСС.