Јужна Кореја: Четворица уапсени поради снимање гости во хотели


Четири лица се уапсени во Јужна Кореја поради тајно снимање на повеќе од 1.500 гости во 30 различни хотели, соопшти денеска полицијата.

Видеата снимани во хотели во десет различни градови во земјата емитирани се во живо на пријатна интернет страница, каде членовите за пристап плаќаат месечна членарина, пренесе BBC.

Камерите биле скриени во телевизори, штекери и фенови за коса.

Повеќе од 6.400 случаи на незаконско снимање се забалежани во 2017 година.

Минатата година десетици илјади жени протестираа под слоганот „Мојот живот не е твој порно-филм“.

Проблемот на шпионските камери ја наведе полицијата во Сеул да оформи специјален тим составен од инспектори кои во потрага по уреди за снимање редовно обиколувале јавни тоалети.