Пожар во џамија во Калифорнија, оставена порака за нападите на Нов Зеланд


Во џамија во јужна Калифорнија изби пожар, што брзо беше локализиран, а на паркингот е пронајдена порака поврзана со неодамнешниот терористички напад на Нов Зеланд, соопшти американската полиција.

Во пожарот, за кој постои сомневање дека е подметнат, никој не е повреден, а припадниците на Исламскиот центар Ескондидо успеале да го изгаснат огнот пред да стигнат пожарникарите.

Џамијата е лоцирана на 48 километри северно од Сан Диего.

Истрагата испитува дали инцидентот извршен од омраза и дали е подметнат.

Полицијата не ја откри содржината на пронајдената порака.

Во терористичките напади врз две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд загинаа 50 луѓе.