(Видео) Потона траект во Ирак, 40 мртви


Најмалку 40 луѓе загинаа, кога претоварен траект потона во реката Тигар во близина на ирачкиот град Мосул, јавија светските агенции.

Ова го соопштија полициските и медицинските служби на Ирак, додека медиумите јавуваат дека бројката пораснала на 60 жртви.

Повеќето жртви се жени и деца, рече шефот на управата на цивилната одбрана на Мосул, Хусам Калил, и како што пренесува „Ројтерс“, спасувачките тимови до сега извлекле 12 лица од водата.