Скопје – Будимпешта – Виена: Дали Мицкоски го одминал Груевски?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ деновиве патувал за Виена, преку Будимпешта, но не се сретнал со својот претходник на лидерската позиција во партијата, Никола Груевски, кој бегајќи од правдата во Македонија доби азил во Унгарија. По пат, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, бил следен од возило „бентли“, сопственост на братучед на премиерот Зоран Заев. Со вакви информации …

Скопје – Будимпешта – Виена: Дали Мицкоски го одминал Груевски? Read More »

Право на глас на претседателските избори имаат 1.808.131 граѓанин


Државната изборна комисија-ДИК денеска на седница го заклучи Избирачкиот список. Право да гласаат на шестите претседателски избори имаат 1.808.131 избирачи. Заклучениот Избирачки список, односно изводите од списокот на кој се гласа, ДИК треба да ги потпише 15 дена пред денот на изборите, односно најдоцна до 5 април. В недела напладне во просториите на ДИК тројцата …

Право на глас на претседателските избори имаат 1.808.131 граѓанин Read More »

Вонреден Самит на ЕУ за Брегзит


Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, свика на 10 април вонреден состанок на шефовите на држави и влади на ЕУ откако британскиот Парламент по третпат го отфрли договорот за Брегзит. Со отфрлањето на договорот за излез, Обединетото Кралство треба да ја напушти ЕУ на 12 април и изгледите за Брегзит за договор се поголеми од …

Вонреден Самит на ЕУ за Брегзит Read More »

Епидемија на мали сипаници во Кичево и во Струга


Епидемијата на мали сипаници во државава продолжува со ист интензитет. Во текот на изминатата недела епидемија пријавија подрачната единица Кичево на Центарот за јавно здравје – Битола со 24 заболени лица и подрачната единица Струга на Центарот за јавно здравје – Охрид со 16 заболени лица. Бројот на новозаболени во текот на последната недела изнесува …

Епидемија на мали сипаници во Кичево и во Струга Read More »

Филипче: Со јавно-приватно партнерство до поефикасен здравствен систем


Има државни болници што не се целосно искористени, работат со мал капацитет, како што се оние во Кочани и во Кавадарци, каде нема пациенти, персонал, експертиза. За таа цел после изборите ќе почне широка физибилити студија за јавно-приватни партнерства во здравствениот систем пред се на болничко ниво, што ќе ги опфаќа сите дејности што сега се …

Филипче: Со јавно-приватно партнерство до поефикасен здравствен систем Read More »

Британскиот Парламент повторно го отфрли договорот за Брегзит


Британскиот Парламент денеска по третпат го отфрли договорот за Брегзит, кој со Европската унија го договори премиерката Тереза Меј. Со 344 гласа против и 286 „за“ договорот не е усвоен во британскиот Парламент. Тереза Мај вели дека импликациите од неизгласувањето се „сериозни”. Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ денеска, но доби пролонгирање до 12 …

Британскиот Парламент повторно го отфрли договорот за Брегзит Read More »

Барние: Одобрување на договорот за Брегзит од Парламентот гарантира напуштање на ЕУ на 22 мај


Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние изјави дека блокирање на договорот за напуштање е „најдобар компромис” за двете страни и оти е од клучно значење за Лондон да се фокусира на договарање на нови односи со Унијата. -Денеска, повеќе од кога било, членовите на британскиот Парламент носат одговорност да ни кажат какви идни …

Барние: Одобрување на договорот за Брегзит од Парламентот гарантира напуштање на ЕУ на 22 мај Read More »

Заев очекува позитивен исчекор за законот за јавно обвинителство


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува за викендот да продолжат разговорите меѓу работните групи на Владата и на опозицијата за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО. Се надева дека ќе биде направен позитивен исчекор во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ, како и со другите парламентарни групи. – Синоќа …

Заев очекува позитивен исчекор за законот за јавно обвинителство Read More »

Албанија одбележува 10 години од членството во НАТО


Со низа активности Албанија денеска одбележува 10 години од членството во НАТО. Посебно спектакуларен беше прелетот на авиони на НАТО над албанското небо. Претседателот на Албанија и врховен командант на вооружените сили, Илир Мета во обраќањето на свеченоста искажа подготвеност на неговата земја за секоја иницијатива која е во насока на зајакнување на Алијансата. -Не …

Албанија одбележува 10 години од членството во НАТО Read More »

Груби-Дуцинас: Заслужуваме датум во јуни


Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби оствари средба со Костас Дуцинас, професор по право и филозофија и директор на Биркбек Институтот за хуманизам на Лондонскиот Универзитет. Груби изразил задоволство од посетата на уважениот гостин, кој е истакнат просветен научник и издавач на повеќе научни труда од областа …

Груби-Дуцинас: Заслужуваме датум во јуни Read More »

Новак: Модерните војни се насочени против цивили, ова ниво на бруталност е невидено


Поранешниот специјален известувач на ОН за злоставување Манфред Новак истакна дека насилството во модерните војни примарно е насочено против цивили. – За жал во овој момент имаме тенденција на брутализација на вооружените конфликти, констатираше Новак во изјава за агенцијата АПА. Тој рече дека тоа е голема разлика меѓу класичните војни од претходните векови до Првата …

Новак: Модерните војни се насочени против цивили, ова ниво на бруталност е невидено Read More »

Врховен го укина куќниот притвор на Мијалков за „Империја“


Врховниот суд ја уважи жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков и му го укина куќниот притвор за случајот „Империја“. Мерката куќен притвор е укината и обвинетиот се пушта да се брани од слобода, поради мислењето што го донесе Врховниот суд дека СЈО нема законско право да бара притвор и да спроведува истраги 18 месеци по формирањето …

Врховен го укина куќниот притвор на Мијалков за „Империја“ Read More »

СДСМ: Во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија


Од СДСМ денеска обвинија дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски лаже и е лицемерен, затоа што во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија. „На површина исплива уште еден доказ за лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Додека Мицкоски ја замајува јавноста со лажен патриотизам тврдејќи дека не го признава уставното …

СДСМ: Во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија Read More »

Ограбен 18 годишен државјанин на Шведска


Осумнаесет  годишниот државјанин на Шведска Л.К.А синоќа пријавил во полиција дека бил ограбен во Кавадарци. Според пријавата, разбојништвото се случило  на улицата „Илинденска”, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Непознато  лице со закана му одзело пари и побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нетанјаху: Израел е подготвен за голема воена операција во Појасот Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа предупреди дека Израел е подготвен за воена операција „од големи размери“ во Појасот Газа. – Ако Израел биде принуден на голема кампања ќе пристапи од позиција на сила и безбедност откако ќе ги исцрпи сите други можности, посочи Нетанјаху. Хамас и Израел неделава се судрија во Појасот Газа што го …

Нетанјаху: Израел е подготвен за голема воена операција во Појасот Газа Read More »

Во Брунеи ќе убиваат со каменување за истополов однос, неверство и силување


Во Брунеи ќе биде воведена смртна казна со каменување. Суровата мерка ќе се применува во случаи на истополов однос, брачно неверство и силување, информира „Саут Чајна Морнинг Пост“. Измените во законот предвидуваат на крадец, фатен во кражба првпат, да му биде отсечена десната рака, а при втор прекршок – левата нога. Казните ќе важат и за …

Во Брунеи ќе убиваат со каменување за истополов однос, неверство и силување Read More »

ЕУ го одобри законот за забрана на пластичен прибор за една употреба


Европскиот парламент одобри нов закон со кој се забрануваат пластични предмети за еднократна употреба како што се садови, прибор за јадење или сламки за пијалоци.   За договорот постигнат со министрите на Европската унија гласаа 560 пратеници, 35 од нив беа „против“ и 28 „воздржани“.   Како што се наведува во соопштението, од 2012 година …

ЕУ го одобри законот за забрана на пластичен прибор за една употреба Read More »

(Видео) Луѓе скокаат од облакодер проголтан од пожар


Најмалку пет лица загинаа, а 60 се повредени во пожар кој изби во деловна зграда во Дака, главниот град на Бангладеш, соопштија службите. За сега непознат број луѓе и понатаму се заробени во зградата која има 22 ката. Повикувајќи се на изјавите на сведоци, Ројтерс пренесува дека заробени луѓе испаничени од состојбата мафтаат преку прозорците …

(Видео) Луѓе скокаат од облакодер проголтан од пожар Read More »

Села: СЈО треба да продолжи со работа, иако досега ја нема исполнето целта за која е формирано


Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, смета дека СЈО треба да продолжи со работа како што е формирано и за целите за кои е формирано, па затоа предлага да се интервенира во Законот за СЈО за да престанат да важат роковите за покренување истраги до 2017 година, ниту останатите рокови, туку да функционира како …

Села: СЈО треба да продолжи со работа, иако досега ја нема исполнето целта за која е формирано Read More »

Латас си поднесе оставка од уредничкото место во Сител


Драган Павловиќ Латас поднесе оставка од функцијата Главен и одговорен уредник во ТВ Сител. Во оставката, која ја објави Вечер, се вели: ,,Оставката ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам. На оваа функција во ТВ Сител сум од мај 1997 година до денес, …

Латас си поднесе оставка од уредничкото место во Сител Read More »