(Видео) Луѓе скокаат од облакодер проголтан од пожар

Најмалку пет лица загинаа, а 60 се повредени во пожар кој изби во деловна зграда во Дака, главниот град на Бангладеш, соопштија службите.
За сега непознат број луѓе и понатаму се заробени во зградата која има 22 ката.
Повикувајќи се на изјавите на сведоци, Ројтерс пренесува дека заробени луѓе испаничени од состојбата мафтаат преку прозорците додека минувачи ги гледаат и се молат.
Пожарот го гасат 22 пожарникарски возила, а ангажирани се и хеликоптери. Причината за пожарот не е позната, а многумина се собраа да им помогнат на пожарникарите и на полицијата.
Во голем пожар минатиот месец во предградие во Дака загинаа 71 човек.
Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат пламен и црн чад кој се крева од зградата и на улицата на која се насобрани луѓе.
Еден очевидец вели дека некои луѓе лелекаат на повисоките катови од зградата. чадот спречува спасувачите да им се приближат.
Како што јавија медиумите најмалку шестмина скокнале од запалената зграда.