Груби-Дуцинас: Заслужуваме датум во јуни

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби оствари средба со Костас Дуцинас, професор по право и филозофија и директор на Биркбек Институтот за хуманизам на Лондонскиот Универзитет.

Груби изразил задоволство од посетата на уважениот гостин, кој е истакнат просветен научник и издавач на повеќе научни труда од областа на правото, но и пратеник во Грчкото собрание од редовите на СИРИЗА.

Притоа, Дунинас од Груби бил информиран за позитивните процеси во нашата земја по усвојувањето на уставните измени, со што се реализираа и одредбите од Преспанскиот договор.

-За актуелните случувања во земјата посочи дека се во рамките на милјето на претстојните претседателски избори во април, и дека државата одлучно чекори кон членство во ЕУ и НАТО, зад кое несомнено стојат сите политички партии. Поради тоа, за нас е особено важно, соседна Грција да не поддржи, во пресрет на Букурешкиот самит во јуни, на кој очекиваме датум за почеток на преговори, соопштуваат од Комисијата за европски прашања.

Дуцинас ја повтори грчката поддршка за нашите евроинтргративни процеси, со укажување, дека покрај политичките критериуми државата мора да испорача видливи резултати на полето на владеењеето на правото, како и во разузнавачкиот сектор, слободата на медиумите и реформата во јавната администрација.

Како истакнат стручњак во областа на правото, професорот Дуцинас порача дека реформите во оваа област мора да се реализираат што поскоро, и покрај тоа што има голем отпор од страна на носителите на функции во правосудниот сектор, со што се отежнува овој процес на реформи.