Девојче удрено од автомобил на пешачки премин


Во четвртокот, во 15.30 часот на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Скопје, патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(32) од Скопје, удрило во 11-годишно девојче. Со тешки телесни повреди се здобило девојчето, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна …

Девојче удрено од автомобил на пешачки премин Read More »

Уште денеска подигнување бесплатни билети за литургијата со папата


Граѓаните кои се заинтересирани за присуство на литургијата со папата, што ќе се одржи на 7 мај на плоштадот „Македонија“ во Скопје, уште денеска ќе можат да ги подигнат бесплатните билети. -Освен во католичките парохии во државата, сите заинтересирани граѓани за присуство на централниот настан на 7 мај, света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје, бесплатни билети …

Уште денеска подигнување бесплатни билети за литургијата со папата Read More »

Анѓушев: Зоните направија голем исчекор во развојот на нашата економија


Недоволната соработка на странските инвеститори со домашните компании и недостигот на квалификуван кадар остануваат клучни предизвици за развој на техничко-индустриските зони во земјава, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев пред почетокот на денешниот Европски самит на слободни зони што се одржува во Скопје. Зоните, според Анѓушев, направија голем исчекор во развој на нашата индустрија, но има уште …

Анѓушев: Зоните направија голем исчекор во развојот на нашата економија Read More »

Димитров: Со глас за број три да покажеме дека сме цврсто решени да продолжиме заедно напред


  Министерот за надворешни работи Никола Димитров на синоќешната трибина во Охрид ги повика граѓаните на 5 мај преку глас за број три да го потврдат европскиот курс на државата и да си обезбедат иднина во ЕУ и НАТО. – Да излеземе и да покажеме дека цврсто сме решени да ги фатиме уздите! Мора да …

Димитров: Со глас за број три да покажеме дека сме цврсто решени да продолжиме заедно напред Read More »

Османи повика граѓаните да излезат на гласање на 5 мај


  Вицепремиерот Бујар Османи ги повика граѓаните на 5 мај на вториот круг од претседателските избори да излезат на гласање и да го дадат својот глас по сопствено убедување. Според него, на тој начин Македонија ќе покаже дека има демократски капацитет и дека е подготвена за влез во Европската унија и НАТО. „Република Северна Македонија …

Османи повика граѓаните да излезат на гласање на 5 мај Read More »

Посебен сообраќаен режим за „Виз Ер Скопски Маратон 2019“


Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје почнувајќи од денеска во 19 часот, до утре до 18 часот, ќе воведе посебен сообраќаен режим долж трите тркачки патеки во рамки на утрешното одржување на традиционалната спортска манифестација – „Виз Ер Скопски Маратон 2019“ со почеток во 08,30 часот. МВР денеска соопшти дека за трката …

Посебен сообраќаен режим за „Виз Ер Скопски Маратон 2019“ Read More »

Филмска приказна на Тајланд: Кралот се ожени со својата телохранителка


  Кралот и заменичката на неговата служба за обезбедување неколку години се во врска, но тоа официјално е потврдено сега. Тајландскиот крал се ожени со својата телохранителка која доби титула на кралица, соопштено е од кабинетот на владетелот на таа земја. Кралот Маха Ваџиралонгкорн до сега се разведувал три пати и има седум деца. На …

Филмска приказна на Тајланд: Кралот се ожени со својата телохранителка Read More »

Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни


Заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека корисниците што имаат заостанат долг за потрошена вода и …

Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни Read More »

Суданскиот државен обвинител бара распит на Башир


Суданскиот државен обвинител нареди распит на соборениот претседател Омар ал Башир поради сомневања за финансирање тероризам и перење пари, јавија светските агенции повикувајќи се на неименувани судски извори во Судан. Државниот обвинител во април покрена истрага против Башир поради обвиненија за перење пари и поседување големи суми странски валути без докази за нивното потекло. Во …

Суданскиот државен обвинител бара распит на Башир Read More »

Заев: Во јуни или јули ќе добиеме зелено светло за отпочнување преговори со ЕУ


Ова лето, во јуни или јули земјава ќе добие зелено светло за отпочнување преговори со ЕУ, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања. Во врска со разногласијата дали ќе добиеме датум за преговори во јуни по извештајот на ЕК, можеби наесен поради случувањата во ЕУ каде овој месец се одржуваат избори за Европскиот …

Заев: Во јуни или јули ќе добиеме зелено светло за отпочнување преговори со ЕУ Read More »

Удрил старица со автомобил во Скопје и избегал


  Жена на возраст од 70 години била повреден, откако непознато лице ја прегазило со автомобил на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, во средата. Околу 20.55 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена З.Н.(70). Полициски службеници извршиле разговор со неа, …

Удрил старица со автомобил во Скопје и избегал Read More »

Од идната грејна сезона пониски сметки за парното, се намалува ДДВ-то од 18 на 5 отсто


Ќе се намали данокот на додадена вредност за парното греење и користењето природен гас од 18 на 5 отсто, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Како што изјави денеска по состанокот на Интерресорската работна група за животна средина, оваа мерка е дел од владиниот план за чист воздух и намалување на загадувањето, а ќе профункционира од …

Од идната грејна сезона пониски сметки за парното, се намалува ДДВ-то од 18 на 5 отсто Read More »

Судија на Управен суд под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување


Судија на Управен суд е осомничен од Обвинителството дека ја злоупотребил својата службена положба и овластување и ги пречекорил границите на своето службено Судијата , како што е наведено во соопштението, претходно како адвокат преземал дејствија и ги застапувал интересите по барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и …

Судија на Управен суд под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување Read More »

Околу 70 милиони евра за поддршка за нови инвестиции


Премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска одржаа работна средба со претставници на бизнис секторот од Струмица и струмичкиот регион, на која ги повикаа да аплицираат за финансиските средства определени за поддршка на нови инвестиции и раст на конкурентноста на домашните компании. „Го гледавме примерот за економски напредок …

Околу 70 милиони евра за поддршка за нови инвестиции Read More »

ООУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче доби нов покрив


Завршија активностите за целосна санација на покривот на ООУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче. Со оваа санација се отстрани салонитот од покривната конструкција и се замени со челичен пластифициран лим со дебелина од 0,5 милиметри, на кои се поставени и снегобрани. Санацијата беше реализирана во рамките на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни …

ООУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче доби нов покрив Read More »

Кипарскиот министер за правда поднесе оставка по откривањето на сериски убиец


Кипарскиот министер за правда Јонас Николау денеска поднесе оставка, откако беше откриен сериски убиец, кој призна дека убил пет жени и две деца. Министерот утрово имаше средба со претседателот Никос Анастасиадис, по која Николау поднесе оставка. Се очекува утре оставка да поднесе и началникот на полицијата на Кипар. Во меѓувреме, според направените аутопсии изведени синоќа …

Кипарскиот министер за правда поднесе оставка по откривањето на сериски убиец Read More »

МЗ: Задолжително доставување потврди за вакцинален статус при упис во училишни и предучилишни установи


Министерството за здравство соопшти дека во Службен весник од 30 април се објавени измените и дополнувањата донесени од министерот за труд и социјална политика на правилникот за водење на педагошката документација и евиденција во детска градинка и центар за ран детски развој, со кој сега се прецизира дека при упис на дете во градинка, задолжително …

МЗ: Задолжително доставување потврди за вакцинален статус при упис во училишни и предучилишни установи Read More »

Почна уписот на првачињата


Општина Кисела Вода информира дека од денеска до 31 мај согласно Законот за основно образование во осумте општински основни училишта ќе се врши запишување на деца во прво одделение. Уписот за учебната 2019/2020 година е за деца родени во 2013 година. Децата кои до 31.01.2020 година ќе наполнат шест години може да се запишат во …

Почна уписот на првачињата Read More »

Продолжен рокот за тендерот за набавка на новите автобуси на ЈСП


Голем интерес на производителите на автобуси го продолжи рокот за доставување на понудите за набавка на 30 до 40 единечни и зглобни автобуси за ЈСП – Скопје. Место до 3 мај, компаниите ќе можат до 24 мај да ги достават понудите со техничките карактеристики на еколошките автобуси на компримиран гас. Продолжувањето на рокот за доставување …

Продолжен рокот за тендерот за набавка на новите автобуси на ЈСП Read More »

Претседателот Иванов се уште не доставил барање за буџет на неговиот иден кабинет


Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов се уште не доставил барање до владината Служба за општи и заеднички работи за буџетот што му следува по завршувањето на мандатот на 12. месецов, а којшто изнесува осум проценти од годишниот Буџет на институцијата Претседател на државата. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска соопшти дека до владината Служба за општи …

Претседателот Иванов се уште не доставил барање за буџет на неговиот иден кабинет Read More »