ООУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче доби нов покрив


Завршија активностите за целосна санација на покривот на ООУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче.

Со оваа санација се отстрани салонитот од покривната конструкција и се замени со челичен пластифициран лим со дебелина од 0,5 милиметри, на кои се поставени и снегобрани.

Санацијата беше реализирана во рамките на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта во Македонија“ што го спроведува Министерството за образование и наука.

Истовремено во училиштето се изврши промена на 30 внатрешни врати на училниците и помошните простории.