Удрил старица со автомобил во Скопје и избегал


 

Жена на возраст од 70 години била повреден, откако непознато лице ја прегазило со автомобил на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, во средата.

Околу 20.55 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена З.Н.(70).

Полициски службеници извршиле разговор со неа, при што појаснила дека на булевар „Борис Трајковски“ била удрена од непознато возило, кое го напуштило местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.