Османи повика граѓаните да излезат на гласање на 5 мај


 

Вицепремиерот Бујар Османи ги повика граѓаните на 5 мај на вториот круг од претседателските избори да излезат на гласање и да го дадат својот глас по сопствено убедување.

Според него, на тој начин Македонија ќе покаже дека има демократски капацитет и дека е подготвена за влез во Европската унија и НАТО.

„Република Северна Македонија последните 30 години поминува долг пат за членство во ЕУ и во НАТО. Се наоѓаме пред последните чекори. Ги повикувам граѓаните да го искористат своето право на 5 мај, а одлуката зависи од граѓаните дали ќе излезат на гласачките места да гласаат по сопствено убедување и да покажат дека имаме демократски капацитет“, рече Османи по конференцијата за одбележување на Денот на слободата на медиумите.