Филмска приказна на Тајланд: Кралот се ожени со својата телохранителка


 

Кралот и заменичката на неговата служба за обезбедување неколку години се во врска, но тоа официјално е потврдено сега.

Тајландскиот крал се ожени со својата телохранителка која доби титула на кралица, соопштено е од кабинетот на владетелот на таа земја.

Кралот Маха Ваџиралонгкорн до сега се разведувал три пати и има седум деца.

На престолот дојде во 2016 година по смртта на неговиот татко.

„Кралот Ваџиралонгкорн одлучи да се ожени со Сутида Ваџиралонгкорн На Ајудхију и ѝ ја даде титулата кралица. Таа ќе ја носи титулата како дел од кралското семејство“, се вели во кралското соопштение.

Кралот и заменичката на неговата служба за обезбедување неколку години се во врска, но тоа официјално е потврдено сега.

Сутида доби и чин генерал во 2016 година.

Тајландските телевизиски канали објавија снимка со церемонијата од венчавката на која присуствуваа сите членови на кралското семејство и неговите советници.

На снимката се гледа како кралот и сипува „света водичка“ на главата на кралицата Сутида. Потоа се гледа и како се потпишуваат во книгата на венчани пред матичар.

Тајландскиот крал во 2014 година ја именуваше поранешната стјуардеса, Сутида Тиџаи на висока функција во службата за безбедност. Во декември 2016 година таа доби чин на генерал.

Неговиот татко, Бумибол Адулиадеј, владееше 70 години и тој е крал со најдолг стаж на тронот на светот.