Во нацрт-резолуцијата на УНЕСКО Охридскиот регион ставен на листата загрозени светски наследства


Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации (УНЕСКО) во последниот нацрт-извештај пред одржувањето на конференцијата на организацијата идниот месец во Азербејџан препорачува природното и културното наследство на Охридскиот регион да биде ставено на листата загрозени светски наследства. Барањето на организацијата е последица на недоволниот капацитет на институциите во државата да се справат со …

Во нацрт-резолуцијата на УНЕСКО Охридскиот регион ставен на листата загрозени светски наследства Read More »

Влада: Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба


„Владата на Република Северна Македонија оствари повеќе работни средби со претседателите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (Синдикатот на УПОЗ) и на Судскиот совет на Република Северна Македонија и нивни претставници, заради изнаоѓање решение во врска со прашањето за враќање на задржаните средства на вработените во судската служба за …

Влада: Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба Read More »

Почина генералниот директор на „Реплек“ Душан Туџаров


Генералниот директор и претстедател на Управен одбор на „Реплек“, Душан Туџаров почина вчера во својот дом во Скопје. Погребот ќе биде извршен в четврток, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот. Туџаров основното и средното образование го завршил во Струмица, а студирал на Фармацетскиот факултет при …

Почина генералниот директор на „Реплек“ Душан Туџаров Read More »

Отворен првиот Лапидариум во прилепскиот Музеј


Со стотина ексклузивни експонати во мермер и од камена пластика од богатите архелошки наоѓалишта во регонот, прилепскиот Завод и музеј денеска официјално го отвори Лапидариумот во просторот во рамките на институцијата. Како што објаснува директорот на Заводот и Музеј, Благоја Атанасоски, ова е прв Лапидариум во 65-годишното постоење на институцијата. За отворањето се подготвуваме повеќе …

Отворен првиот Лапидариум во прилепскиот Музеј Read More »

Да не се плаќаат сметките за парно што исклучените ги добиле за април


Исклучените од системот на парно греење што добиле сметки за април да не ги плаќаат, бидејќи тие ќе бидат сторнирани, потврдија од Регулаторната комисија. Исклучените од парно граѓани кои доставуваат барања до БЕГ за ослободување од обврската за плаќање, во случаите кога компанијата нема да ги прими, да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика. …

Да не се плаќаат сметките за парно што исклучените ги добиле за април Read More »

Царовска: Исплатата на зголемената помош почнува од идниот месец


Пратениците во Собранието денеска ја изгласа социјалната реформа, а првите исплати на зголемената парична помош за 300 отсто се очекуваат од идниот месец. Со трите пакет закони за социјална и детска заштита и социјална сигурност на стари лица правиме целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита и се воведува социјална правда којашто е основата …

Царовска: Исплатата на зголемената помош почнува од идниот месец Read More »

Претседателот Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон што ги кочеше Иванов


Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претседателот Иванов. Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на Законот за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција, на Законот за Централен регистар на население, на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка …

Претседателот Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон што ги кочеше Иванов Read More »

Покрената кривична постапка против Петро Порошенко за предавство


Украинското Државно истражно биро денеска соопшти дека покренало кривична постапка за предавство против поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко. Во соопштението се наведува дека со постапката се опфатени и други официјални претставници и дека во тек е предистражна постапка. Постапката се однесува на инцидентот во Керчинскиот Тенсец на 25 ноември 2018 година, кога руските сили …

Покрената кривична постапка против Петро Порошенко за предавство Read More »

Средба Пендаровски-Гаши: Сите политички субјекти да дадат придонес на патот кон ЕУ


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши. На средбата била посочена потребата од конструктивен политички дијалог меѓу сите политички чинители во Република Северна Македонија, во функција на реализација на реформската агенда, а со цел напредок на државата во европските и евроатлантските интеграции. Претседателот Пендаровски укажа …

Средба Пендаровски-Гаши: Сите политички субјекти да дадат придонес на патот кон ЕУ Read More »

Во Полска се родија првите шесторки


  Една жена на возраст од 29 години роди шест бебиња во Полска, што е прв таков случај во земјата. Бебињата, од кои четири се женски, се родени со царски рез на Универзитетската болница во Краков на југот на Полска. Мајката и новороденчињата се добро, пренесува АП, а веројатноста за такво нешто е еден спрема …

Во Полска се родија првите шесторки Read More »

Истражување: Околу 19 отсто од младите во БиХ не прочитале ниту една книга


Повеќе од 60 проценти од младите во Босна и Херцеговина се невработени, а повеќето од нив на државата каде што се родени гледаат како амбиент што треба да се напушти и тоа засекогаш, објави „Политика“. За тоа сведочат и долгите редици на младите луѓе пред амбасади во Сараево и Бања Лука. Според истражувањето, спроведено со …

Истражување: Околу 19 отсто од младите во БиХ не прочитале ниту една книга Read More »

„Комунална хигиена“ со едукација на децата против дивите депонии


Еко-патролата и Одделението за едукација на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска одржаа заедничко еко-предавање пред средношколците од СУГС „Кочо Рацин“. Покрај едукацијата за правилното и совесно постапување со отпадот, неговата примарна селекција и рециклирањето, тие имаа можност да се запознаат и со улогата и активностите на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Преку слајдови и видео-материјали, учениците …

„Комунална хигиена“ со едукација на децата против дивите депонии Read More »

Еден мртов, тројца повредени во неколку сообраќајки


Во четири одделни сообраќајни незгоди што се случиле во понеделникот во Македонија, еден загина еден возач на патничко возило, а тројца учесници во сообраќајот се повредени. Имено, во понеделникот, околу 13.50 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во село Добреноец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Марути“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(58) …

Еден мртов, тројца повредени во неколку сообраќајки Read More »

Ако не врне, за една недела, автопатот Миладиновци-Штип ќе биде во употреба


За седум работни дена, доколку нема дожд, треба да заврши поставувањето на заштитната мрежа на автопатот Миладиновци-Штип, во должина од 47 километри, вели за МИА директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Непоставената заштитна мрежа во должина од 30 километри на потегот од Свети Николе кон Миладиновци, според образложението од ЈПДП, пред околу …

Ако не врне, за една недела, автопатот Миладиновци-Штип ќе биде во употреба Read More »

Хјуман рајтс воч: Се повеќе семејства во Британија немаат доволно храна за живот


Британската Влада ги прекршува своите обврски според кои на семејствата треба да им обезбеди доволно храна за живот, се наведува во новиот извештај на Хјуман рајтс воч. Според извештајот, намалувањата во социјалната помош на земјата поради штедење откако Конзервативната партија дојде на власт во 2010 година, довеле до тоа илјадници семејства со деца да немаат …

Хјуман рајтс воч: Се повеќе семејства во Британија немаат доволно храна за живот Read More »

„Вечерње новости“: Србија купува 10 тони злато


Србија ќе ги зголеми своите резерви на злато од постојните 20 тони на 30 тони до крајот на 2019 година, а потоа, во следната година и половина, до дури 50 тони, објави весникот „Вечерње новости“. Весникот нагласува дека таа динамика практично е утврдена по вчерашната средба во Белград на српскиот претседател Александар Вучиќ со делегацијата …

„Вечерње новости“: Србија купува 10 тони злато Read More »

Администрацијата на Трамп му даде на „Хуавеј“ привремена лиценца за 3 месеци


Министерството за трговија на САД издаде привремена лиценца со која се дава одобрение на американските компании да продолжат да работат со Хуавеј во следните три месеци во обид да ограничат последици од извозни ограничувања за кинескиот производител на телекомуникациска опрема, објави Фајненшал тајмс. Со лиценцата се намалуваат претходно наметнатите ограничувања на американската влада да забрани …

Администрацијата на Трамп му даде на „Хуавеј“ привремена лиценца за 3 месеци Read More »

Руската тајна служба предупредува: Повеќе од 5.000 терористи се на границата


Исламска држава доведе околу 5.000 терористи во северниот дел на Авганистан, на границата со земјите од Заедницата на независни држави, предупреди руската тајна служба ФСБ. Директорот на ФСБ изјави дека според податоците на неговата служба, многу од нив биле на боиштата во Сирија. „Посебно загрижувачки е повторното активирање на терористичките групи во северните провинции на …

Руската тајна служба предупредува: Повеќе од 5.000 терористи се на границата Read More »

Анима мунди: Здружение формирано пред два месеци ќе биде во раководните структури на ЈП Лајка


По година и пол мандат градоначалникот Петре Шилегов најавува конечно финализирање на стационарот „Вардариште“, па финализирање на финализирањето, се слика со кучиња по маси и преку медиумите најавува учество на здруженијата во тамошното управување, реагираат од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“. Јавноста е веќе запознаена дека Градот Скопје формираше ново Јавно претпријатие „Лајка“ …

Анима мунди: Здружение формирано пред два месеци ќе биде во раководните структури на ЈП Лајка Read More »

Граѓанската иницијатива 5 до 12 бара отворање центар за рехабилитација на деца со аутизам и сродни состојби


Граѓанската иницијатива 5 до 12 бара Министерството за труд и социјална политика што поскоро да пушти во употреба центар за рехабилитација на лица со аутизам и сродни невролошки состојби. Од 5 до 12 велат дека простории за ваков центар се обезбедени, но оти веќе една година не се пуштени во употреба.  – Едно од барањата на 5 …

Граѓанската иницијатива 5 до 12 бара отворање центар за рехабилитација на деца со аутизам и сродни состојби Read More »