Еден мртов, тројца повредени во неколку сообраќајки


Во четири одделни сообраќајни незгоди што се случиле во понеделникот во Македонија, еден загина еден возач на патничко возило, а тројца учесници во сообраќајот се повредени.
Имено, во понеделникот, околу 13.50 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во село Добреноец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Марути“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(58) од село Лавчани, кичевско и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(30) од Кичево.
На местото на несреќата починал возачот Ј.С. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево. Сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид (во двата правци) бил во прекин од 13.50 до 15.20 часот.
Истиот ден,  во 16.20 часот во село Кадино, скопско, патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(43) од село Кадино, удрило во пешакот Г.Г.Д.(60) од Република Бугарија. Од ударот Г.Г.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На локалниот пат меѓу селата Браилово – Долнени, општина Долнени, кај железничката станица Браилово, патничко возило „Форд Галакси” без регистарски ознаки, управувано од Д.В.(45) од  село Сенокос, прилепско, изгубило контрола и излетало во одводниот канал. Д.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
Во 18.30 часот на ул.„1“ во село Сарај, скопско, трактор со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(25) од истото село, изгубил контрола и се превртел. Притоа, возачот Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека 15-годишен сопатник од село Грчец се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.