„Комунална хигиена“ со едукација на децата против дивите депонии

Еко-патролата и Одделението за едукација на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска одржаа заедничко еко-предавање пред средношколците од СУГС „Кочо Рацин“.

Покрај едукацијата за правилното и совесно постапување со отпадот, неговата примарна селекција и рециклирањето, тие имаа можност да се запознаат и со улогата и активностите на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Преку слајдови и видео-материјали, учениците беа информирани за проблемите со коишто Еко-патролата се соочува на терен и едуцирани за превентивните мерки и дејствија што таа ги презема за да се спречи создавањето на диви депонии, со крајна цел – заштита на животната средина.