Во Полска се родија првите шесторки

 

Една жена на возраст од 29 години роди шест бебиња во Полска, што е прв таков случај во земјата.

Бебињата, од кои четири се женски, се родени со царски рез на Универзитетската болница во Краков на југот на Полска.

Мајката и новороденчињата се добро, пренесува АП, а веројатноста за такво нешто е еден спрема пет милијарди.

„Ова е прв пат во полска да се родат шест бебиња одеднаш, а тоа е ретко и во светот“, вели шефот на болничкото неонатолошко одделение, професор Ришад Лотербах, додавајќи дека ова и за лекарите било изненадување затоа што очекувале пет бебиња.

Претседателот Анжеј Дуда им честиташе на родителите и докторите на Твитер, додека локалниот фудбалски клуб, Краковија, понуди доживотни влезници на нивните натпревари со порака „држиме палци“ на бебињата.

„Не знаеме за кого навиваат вашите родители, но ние, вас деца, ви даваме постојана претплата на влезници“, објави клубот на Твитер.