Да не се плаќаат сметките за парно што исклучените ги добиле за април

Исклучените од системот на парно греење што добиле сметки за април да не ги плаќаат, бидејќи тие ќе бидат сторнирани, потврдија од Регулаторната комисија. Исклучените од парно граѓани кои доставуваат барања до БЕГ за ослободување од обврската за плаќање, во случаите кога компанијата нема да ги прими, да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика.

-Цените коишто ќе бидат одобрувани од Регулаторната комисија за енергетика ќе бидат пониски од цените коишто биле определени со претходната метеодологија. Реално, трошокот за транспорт низ државата кој што бил утврден низ 90-те години сега е далеку повисок. Ние добивме барање од компаниите да изнесува 0,8 или 0,85 денари. Ова е бизнис кој ние не го регулираме, но во изминатиот период правевме сериозни анализи и нема да биде прифатено ниту едното, ниту другото барање. Во однос на маржата добивме барање од 6,2, 6,5 итн. Ова се однесува на малопродажната маржа, која ќе биде под 5 денари – кажа Марко Бислимовски.