Во Србија од Ковид-19 починаа уште 18 пациенти, новозаразени се 1.318


Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1.318 нови случаи на коронавирус, 18 лица починале, а тестирани се 7.549 лица. Од почетокот на пандемијата во Србија, вкупно 383.603 лица се разболеле од ковид-19, а 3.886 лица починале. Српската влада денеска објави дека досега повеќе од 200.000 лица се вакцинирани против коронавирус, како и дека …

Во Србија од Ковид-19 починаа уште 18 пациенти, новозаразени се 1.318 Read More »

(Видео) Падна авион со фудбалери во Бразил, нема преживеани


Aвион со членови на Фудбалскиот клуб Палмас ФР се урна во Бразил. Нема преживеани.  Екипата на Ф.А. Палмас, која се натпреварува во четвртата лига од бразилскиот шампионат, замина на гости кај екипата на Вила Нова во Гојаш. Авионот се урна непосредно по полетувањето од  засега непознати причини. Несреќата се случила во осум часот наутро по …

(Видео) Падна авион со фудбалери во Бразил, нема преживеани Read More »

Дебранец физички го нападнал татко му, полицијата го привела


Во полицската станица во Дебар е приведен дебарнец поради физичики напад на својот татко. -Денеска околу два часот во полициската станица е приведен А.Л.(34) од Дебар кој претходно, во семејниот дом, физички го нападнал својот татко. Против него дебарското одделение за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава, рече Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни …

Дебранец физички го нападнал татко му, полицијата го привела Read More »

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП


 Пораз од Белорусија со резултат 30:26 забележа македонската репрезентација во последниот свој натпревар на 27. светски шампионат во Египет. Избраниците на селекторот Данило Брестовац, кои Мундијалот го завршуваат со пет порази и само една победа, одиграа добро прво полувреме во кое во најголемиот дел имаа водство, но на пауза се отиде со нерешени, 14:14. Во …

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП Read More »

Чад од зградата на Парламентот во Лондон (Видео)


  Од зградата на Парламентот во Лондон излегуваше бел чад, а се огласија и сирените за тревога. Лондонската противпожарна бригада соопшти дека се работи за пареа. Владата на Велика Британија исто така, потврди дека тоа е само пареа, а како што наведува Дејли експрес, пратениците не објасниле зошто ако било само пареа, се огласил противпожарниот …

Чад од зградата на Парламентот во Лондон (Видео) Read More »

Повреден рудар во Крива Паланка


Рудар на возраст од 55 години се здобил со повреди откако паднал од машина во рудник во Крива Паланка. Според информациите на МВР, вчера во 17.10 часот во полиција, од Здравствен Дом-Крива Паланка било пријавено дека кај нив дошол Г.С.(55) од Крива Паланка и побарал лекарска помош бидејќи додека бил на работно место во рудник …

Повреден рудар во Крива Паланка Read More »

Заев: Никогаш не сум посочил оти други лица се виновни за случајот „Монструм“


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека никогаш не посочил оти други лица се виновни за петкратното убиство кај Смилковско езеро познато во јавноста како случајот  „Монструм“. -Ако имав лица да посочам, од 2015 еве до 2021 година ќе ги посочев до сега. Никогаш не сум спомнал дека друго лице е виновно. Сум давал свои коментари, …

Заев: Никогаш не сум посочил оти други лица се виновни за случајот „Монструм“ Read More »

Мишел: Фармацевтските компании мора да ги исполнат договорите


Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска изјави дека ЕУ ќе ги принуди фармацевтските компании да ги исполнат договорите за испорака на вакцини со земјите на ЕУ, но исто така призна дека европскиот блок тешко ќе ја исполни својата цел за вакцинирање на 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото. Тој за француското …

Мишел: Фармацевтските компании мора да ги исполнат договорите Read More »

Брнз: Донесувањето на Законот за пописот важен чекор,статистичката операција клучна за креирање на идните развојни политики


Амбасадорката на Соединетите Американски Државни во Северна Македонија Кејт Мари Брнз го поддржа носењето на Законот за попис во Собранието. Во интервју за Гласот на Америка, таа оценува дека тоа е важен чекор напред, бидејќи во земјава населението и имотот не е попишан речиси 20 години, а оваа статистичка операција е клучна за креирањето на …

Брнз: Донесувањето на Законот за пописот важен чекор,статистичката операција клучна за креирање на идните развојни политики Read More »

Во Србија регистриран новиот вид на корона вирус


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека новиот вид на коронавирус, кој првпат се појави во Велика Британија, „пристигнал во Србија“, за што бил известен министерот за здравство, Златибор Лончар. – Патничка од Лондон, која беше негативна на PCR-тестот, го донесе тој вид, нејзиниот сопруг имаше сериозни симптоми, истакна Вучиќ за ТВ Прва и …

Во Србија регистриран новиот вид на корона вирус Read More »

Вучиќ: Потешко е да се набави вакцина, отколку нуклеарно оружје


Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази загриженост поради снабдувањето со вакцини против Ковид-19. Тој за ТВ Прва истакна дека разговарал со светските пријатели за набавка на нови количества вакцини. – Денес е потешко да се набави вакцина, отколку нуклеарно оружје, изјави српскиот претседател. Вучиќ очекува денеска да бидат вакцинирани 50.000 луѓе. – Во светот сме деветти, …

Вучиќ: Потешко е да се набави вакцина, отколку нуклеарно оружје Read More »

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 315 пациенти, слободни кревети има


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 315 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија од Министерството за здравство. Од МЗ наведоа дека по извештаите на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и …

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 315 пациенти, слободни кревети има Read More »

Сообраќајот по влажни коловози, магла на патот Катланово – Велес


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот превој Стража, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Како што информираат од ЈП Македонијапат, намалена видливост поради појава на магла од 70 – 80 метри има на патниот правец Катланово – Велес. На …

Сообраќајот по влажни коловози, магла на патот Катланово – Велес Read More »

Со автомобил удрил во пешак во Кичево


Во саботата, во 21.50 часот во Кичево, на ул.„11-ти Октомври“, патничко моторно возило „фиат мареа“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.К. (54) од с.Другово, Кичевско удрило во А.М.(61) од с.Шутово, Кичевско. По незгодата А.М. е пренесен во Медицински центар-Кичево каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа …

Со автомобил удрил во пешак во Кичево Read More »

ЕУ: Ќе ги принудиме фармацевтските компании да го почитуваат договорот за испорака


Европската унија ќе ги принуди сите фармацевтски компании со кои има потпишано договор да го испочитуваат својот дел од обврските за набавка на вакцини, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Компанијата Фајзер минатата недела соопшти дека времено го намалила количеството на својата вакцина за Европа, со цел да направи промени во производството за …

ЕУ: Ќе ги принудиме фармацевтските компании да го почитуваат договорот за испорака Read More »

Два послаби земјотреси во Петриња и во Сисак


  Подрачјето на Петриња и Сисак во Хрватска утрово го потресоа два послаби земјотреси. Околку осум часот бил почувствуван земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 17 километри северозападно од Сисак, пренесе Индекс. По неколку минути се почувствувал уште еден потрес, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар, а неговата јачина била …

Два послаби земјотреси во Петриња и во Сисак Read More »

Момче на возраст од 11 години почина од корона вирус во Хрватска


  Момче на возраст од 11 години во текот на ноќта почина на Клиниката за инфективни болести во Загреб како последица од корона вирусот. Тој е најмладиот пациент кој е жртва на новиот вирус во Хрватска. Неофицијално се дознава дека момчето не боледувало од други болести туку дошло до ретка компликација. Имено, дошло до мултиоргански …

Момче на возраст од 11 години почина од корона вирус во Хрватска Read More »

Во конкуренција со 25.000 деца сите наши претставници на „Бреинобреин фест 2021“ се стекнаа со највисоки награди


Во конкуренција со 25.000 деца од 45 земји во светот, сите наши претставници на најголемиот интернационален детски натпревар „Бреинобреин фест 2021“ се стекнаа со највисоките награди во своите категории според возраст и ниво. – Од 188 дечиња што учествуваа од 10 градови од државата, Скопје, Охрид, Кочани, Битола, Крива Паланка, Прилеп, Велес, Тетово, Куманово и …

Во конкуренција со 25.000 деца сите наши претставници на „Бреинобреин фест 2021“ се стекнаа со највисоки награди Read More »

За неносење маска 385 санкции


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се  385 прекршоци. Министерството за внатрешни работи и денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. 

Нова „пандемија“ ни чука на врата, човештвото се соочува со дестабилизација на психолошката состојба


Владее пандемија во светот, а владее и секојдневниот страв кај човештвото. Ковид состојбата со себе донесе економски, емоционални, општествени кризи, но и низа стравови. Не зароби во постојан трепет од она што ни го носи денот. Прагот од нашите куќи го пречекоруваме само со една мисла, да се вратиме дома, без да се заразиме со …

Нова „пандемија“ ни чука на врата, човештвото се соочува со дестабилизација на психолошката состојба Read More »