Во Србија почнува ревакцинација
Масовна ревакцинација ќе почне утре во Србија на повеќе од 200 пунктови, вели директорот на Канцеларијата за ИТ и еУправа, Михајло Јовановиќ.
Тој наведе дека, паралелно со ревакцинацијата ќе продолжи и постапката за масовна вакцинација против вирусот корона.
Во Белград ревакцинацијата ќе се врши во Хала 11 на белградскиот Ссем, додека вакцинација ќе се врши на новиот пункт „Белекспо“ на Нов Белград.
„Утре ќе бидат ревакцинирани околу 5.500 граѓани, а тој број од ден на ден ќе се зголемува. Потсетуваме дека имавме во еден ден вакцинирани 60.000 граѓани, па ќе имаме и ревакцинација на 60.000 во еден ден“, рече Јовановиќ.
Појасни дека во здравствените домови во Србија ќе мора да се одвојат пунктови за вакцинација и за ревакцинација. Затоа ќе се воведе правило втората доза да се прима на прва смена, а првата доза во втора смена.
Во белградските домови за здраје, за почеток, ќе се врши само ревакцинација, додека во „Белекспо“ ќе биде вакцинацијата.