Во Словенија поради Ковид-19 починаа уште 19 пациенти


Во Словенија во последните 24 часа на корона вирус тестирани се 11.253 лица, од кои 357 биле позитивни на висуот.

Во истиот период починаа уште 19 пациенти, пренесе ТВ Словенија.

Во моментот, активни се 14.437 случаи. На болничко лекување се 945 пациенти, од кои 162 на интензивна нега.

Дозволена работа на продавниците до 400 метри квадратни

Во согласност со минатонеделната уредба на Владата на Словенија, продавниците со вкупна површина до 400 метри квадратни од денеска повторно ќе бидат отворени за купувачите.

Владата во Љубљана минатиот четврток донесе одлука да ги суспендира овластувањата на локалните власти сами да воведат ограничувачки мерки и прогласи црвена зона низ целата земја.

Како што пренесува агенцијата СТА, иако одлуката на Владата стапи на сила минатата сабота, многумина не ги отворија веднаш своите деловни капацитети, бидејќи не успеаја да обезбедат потврди за тестирање за своите вработени, па според Словенечката трговска комора, само 10 до 15 проценти од нив ги отвориле своите објекти.

Поради проблеми со тестирањето, Националниот институт за јавно здравје на Словенија вети дека ќе им помогне на сопствениците на продавници кои можат повторно да примаат клиенти.

Според премиерот Јанез Јанша и министерот за економија Здравко Почивалшек, трошоците за тестирање ги сноси државата.

Од денеска во Словенија се отвораат и училиштата за првите три одделенија од основното образование.