Израел и Грција потпишаа договор за слободно патување на вакцинирани туристи


 

Израел и грција се договорија дека нивните државјани кои ќе примат вакцина против корона вирус ќе може слободно да патуваат во двете земји.

„Мора да го олесниме патувањето за оние кои ќе пружат доказ за вакцинација и тоа мислиме да го направиме со израел, кој е далеку пред нас во однос на вакцинацијата“, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во заедничка изјава со израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху.

„Договорот на израелските туристи ќе им овозможи да патуваат во грција без какво и да е ограничување и без карантин“, додаде Нетанјаху.

Израел во неделата почна да излегува од третиот карантин кој го воведе во декември, но не ги укина ограничувањата на меѓународните летови кои се сопрени до 20 февруари.

„„Зелениот пасош“ ќе се воведе кога ќе се укинат ограничувањата на патувањата“, додаде Нетанјаху.

Веднаш по заедничката изјава министрите за туризам потпишаа билатерален договор.