Почна електронската наплата на патарините на Коридорот 10


Оперативен центар за мониторирање и безбедност на патиштата е во функција од денеска кај наплатниот пункт „Петровец“, со што стартуваше и електронскиот систем за наплата на патарините Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридор 10, како и на наплатната станица Петровец. Патарината се плаќа со бесконтактни смарт-картички и со микробранови транспордери, а покрај тие опции, …

Почна електронската наплата на патарините на Коридорот 10 Read More »

Ципрас го отстрани ембаргото за ТВ Скај и даде двочасовно интервју


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, како што имаше најавено, синоќа, го отстрани речиси едногодишното ембарго за телевизијата Скај и даде двочасовно интервју во кое на неколку пати се вжешти дискусијата меѓу новинарите и претседателот на владата на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Алексис Ципрас говореше за темите актуелни во внатрешноста на Грција, а гледаноста …

Ципрас го отстрани ембаргото за ТВ Скај и даде двочасовно интервју Read More »

Зарчев: Независна и стручна комисија да одлучува за дивоградбите во Охридскиот регион


Потребно е да се формира посебна стручна комисија, која ќе биде политички независна и ќе интервенира што може да се поправи за да се зачува статусот на Охридскиот регион како заштитено подрачје во УНЕСКО, смета архитектот Димитар Зарчев. Најпрво, вели, треба да се пристапи кон старото градско јадро и да се види што може да …

Зарчев: Независна и стручна комисија да одлучува за дивоградбите во Охридскиот регион Read More »

И Грција ја регулира употребата на електрични тротинети


Низа мерки за ракување и употреба на електричните тротинети предлага Министерството на транспорт на Грција до новоформираната надлежна комисија, за да се воведат основни правила поврзани со безбедноста, јави дописничката на МИА од Атина. Во групата „Лесни лични електрични возила“ вклучени се оние превозни средства кои се напојуваат со електричен мотор и не се дел …

И Грција ја регулира употребата на електрични тротинети Read More »

Почна реконструкцијата на улицата „Московска“ во Карпош


Екипите на Градот Скопје денеска  ја започнаа реконструкцијата на коловозот на улицата „Московска“ во општина Карпош, а увид во градежните работи на оваа делница извршија градоначалникот на Карпош Стефан Богоев и  градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. -Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на инфраструктурата под надлежност на Градот. Денеска сме на улицата „Московска“, каде што …

Почна реконструкцијата на улицата „Московска“ во Карпош Read More »

Низ Скопје ќе возат „мерцедес“ или МАН еко-автобуси


За осум месеци низ улиците на Скопје ќе возат четириесетина еколошки автобуси на произведувачите „Мерцедес“ или МАН. „На 5 јули се отвора тендерот и ќе го добиеме најдобриот понудувач за еко-автобусите. Моите очекувања се дека, од информациите што ги имама од ЕБРД, има два потенцијални добавувачи кои се квалификувани, а тоа се „Мерцедес“ и МАН. …

Низ Скопје ќе возат „мерцедес“ или МАН еко-автобуси Read More »

Вечерва и утре затворен мостот „Гоце Делчев“


Од 17 до 22 часот денеска и утре, ќе биде затворен за сообраќај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, поради реконструкцијата на мостот, најави градоначалникот Петре Шилегов. „Вечерва го затвораме мостот „Гоце Делчев“ во правец од ТЦ „Мавровка“ кон Влада во периодот од 17 до 22 часот, а утре во истиот период во обратниот правец. Мораме …

Вечерва и утре затворен мостот „Гоце Делчев“ Read More »

Кои се новите луѓе на чело на институциите на ЕУ


По тридневни маратонски и на моменти тензични преговори, шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ, синоќа ги избраа новите први луѓе на водечките институции на Унијата. Иако пред Самитот не беше споменувана како можен кандидат за некоја од европските водечки институции, германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен на крајот беше …

Кои се новите луѓе на чело на институциите на ЕУ Read More »

Водата во Преспанското Езеро хемиски и микробиолошки исправна


Водата во Преспанското Езеро според физичко-хемиските параметри е прва и втора класа, а микробиолошки е одлична, покажуваат резултатите од испитувањата на Центарот за јавно здравје – Битола. Проценките за ризик од водата и плажите, како што е наведено во информацијата, покажуваат дека Преспанското Езеро претставува средина која слободно може да се користи за спорт и …

Водата во Преспанското Езеро хемиски и микробиолошки исправна Read More »

ЕП не избра претседател на првото гласање, води Италијанецот Сасоли


Европскиот Парламент, со првото гласање, не успеа да го избере новиот претседател на институцијата. Засега води Италијанецот Дејвид Сасоли од Групата на социјалистите и демократите. – На гласањето учествуваа 735 европратеници, а беше потребно мнозинство од 332 гласови, прецизира претседавачот Антонио Тајани. Тој го најави почетокот на второто гласање. Во првиот круг Сасоли доби 325 гласа. …

ЕП не избра претседател на првото гласање, води Италијанецот Сасоли Read More »

Арктичка лисица поминала 3.500 километри од Норвешка до Канада за 76 дена


Арктичка лисица изодела повеќе од 3.500 километри од Норвешка до Канада за само 76 дена, вчудовидувајќи ги истражувачите во Норвешкиот поларен институт. Животното познато како крајбрежна или сина лисица беше опремено со уред за следење во јули 2017 година. Тоа го напуштило Шпицберген на архипелагот Свалбард во Норвешка на 26 март 2018 година. По 21 …

Арктичка лисица поминала 3.500 километри од Норвешка до Канада за 76 дена Read More »

Париз ги исфрли електричните тротинети од тротоарите


Париз – Ако поминувате време во Париз ова лето и одлучете да изнајмите еден од 20.000-те електрични скутери кои зујат по должината на булеварите, можеби ќе сакате да бидете внимателни како возите и каде ќе завршите со паркирањето. Во текот на изминатата година градот стана преплавен со овие електрични тротинети, а 12 стартап-компании нудат шанса …

Париз ги исфрли електричните тротинети од тротоарите Read More »

Почина и бебето на трудницата избодена во Лондон


  Новороденото момче, на трудницата која до смрт беше избодена во куќа во Лондон, почина денеска во болница, јави BBC. Неговата мајка, Кели Мери Фоврел, во поодмината фаза на бременоста, беше избодена со ноќ во саботата, по што почина веднаш. Нејзиното бебе на свет дојде благодарение на напорите на итната медицинска помош која дошла во …

Почина и бебето на трудницата избодена во Лондон Read More »

Во мобилната телефонија има 1,9 милиони претплатници во првиот квартал


Бројот на претплатници во мобилна телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.948.535, од кои 877.186 при пејд, а 813.367 постпејд резиденцијални, како и 257.982 постпејд деловни претплатници, објави Агенцијата за електронски комуникации. Според информациите за состојбата со пазарот на електронски комуникации во мобилна и фиксна телефонија, во првиот квартал годинава е реализиран сообраќај од 1.311.733.709 …

Во мобилната телефонија има 1,9 милиони претплатници во првиот квартал Read More »

Движењето против коцкање со кампања ќе укажува на негативните последици од игрите на среќа


Движењето „Антиказино“ од Тетово во очекување на втората јавна расправа за измени во законот за игри на среќа собра 52 потписи од влијателни општествени личности од градот и изработи видео спот со цел да укаже на јавноста на потребата за попрецизно регулирање на оваа сфера поради негативниот ефект во општеството. Барањата на Движењето се објектите …

Движењето против коцкање со кампања ќе укажува на негативните последици од игрите на среќа Read More »

Најтопло било во 2007 година, измерени 45,7 степени


Најтопло лето откако се мерат температурите во земјава имало во 2007 година кога се измерени рекордни 45,7 Целзиусови степени. Температурниот максимум е регистриран во Демир Капија на 24 јули 2007 година. Рекордот и за Скопје е во истиот тој ден, кога температурата се искачила до 43,4 степени. Тој ден се измерени и рекордни 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 степени …

Најтопло било во 2007 година, измерени 45,7 степени Read More »

Повредени двајца работници во фабрика и на градилиште


Во два одделни несреќни случаи на работно место во Кавадарци и во Скопје повредена е жена на возраст од 30 години и маж на возраст од 33 години. Во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во фабрика во Кавадарци работничката Е.П.Д. (30) се здобила се тешки телесни повреди додека извршувала работни задачи. Таа била пренесена …

Повредени двајца работници во фабрика и на градилиште Read More »

Загина тракторист во демиркаписко


Во вторникот, во 11.30 часот било пријавено дека на локалниот пат за село Корешница, демиркаписко, Е.Е.(62) од село Корешница, управувајќи трактор без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел. Е.Е. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила – просечната старост им е 11 години


Сите здравствени институции во земјава заедно имаат 183 амбулантни возила, во кои влегуваат возилата за прва помош и санитетските возила. Вакви возила имаат 47 здравствени институции. Просечната старост на амбулантните возила е 11 години, односно тие се просечно произведени во 2008 година. 13отсто од возилата се произведени во минатиот век, односно пред 2000 година. Најстари …

Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила – просечната старост им е 11 години Read More »

Евакуација на 800 илјади жители од јапонскиот остров Кјушу поради лизгање земјиште


Јапонските власти наредија итна евакуација на речиси 800 илјади жители на јужниот остров Кјушу поради ризик од лизгање земјиште и други опасни последици од поројните дождови. Во некои делови од островот од петокот досега наврнале до 1000 мм дожд, а метеоролозите очекуваат до утре уште најмалку 350 мм дожд. Поради лизгање на земјиште во градот …

Евакуација на 800 илјади жители од јапонскиот остров Кјушу поради лизгање земјиште Read More »